Во оваа игра целта на играчот е да му помогне на главниот протагонист
Тим да ја пронајде својата ќерка Лиса, како и да преживее. Нивоата и
визуелните ефекти се внимателно дизајнирани, со многу детали, како и
специјалните звучни ефекти кои дополнително го поттикнуваат чувството на
неизвесност и страв, создавајќи уникатно играчко искуство.

Вредно е да се напомене дека оваа игра е комплетно изработена, прва од ваков вид и
со ваков квалитет за нашите простори, со буџет од 0 денари, но со многу
љубов и посветеност од целиот нашиот тим.

Тимот што стои позади студиото Workbench Entertainment е составен од
млади ентузијасти, чија што љубов кон гејмингот прерасна во страст за
правење игри, а за дизајнирањето на оваа игра беа потребни 4 години
секојдневна работа.

За демото на Wounded, еден од најпознатите светски YouTube-ри Markiplier
изјави “Ова е одлично! Јас навистина многу уживав во оваа игра. Ова беше
забавна авантура, немам играно толку добра инди хорор игра како оваа”.

Видеото има околу 5 милиони прегледи, надополнети со бројни позитивни
коментари во кои најчести се оние – „Одлично! Кога излегува играта?“

Публиката со нетрпение очекува целосна верзија која на 28-ми февруари ќе
излезе на Steam платформата.

Неодамна дел од играта беше премиерно прикажан пред публика во Младинскиот Културен Центар, каде можеа да ја играат домашните љубители на видео игри.

Претходна статијаБидете меѓу првите што ќе го пробаат новиот Microsoft Edge направен со Chromium
Следна статијаiPhone XR успева да привлече поголем број на Android корисници