Shutterstock.com

Оваа недела можевме да прочитаме дека Discord размислува за продажба со проценета вредност од 10 милијарди долари, а истакната беше и можноста да ја понудат компанијата јавно, односно да започнат со продажба на акции.

Како една од заинтересираните страни беше истакнат Microsoft, а исто така се споменаа и Epic Games и Amazon.

Сега The Wall Street Journal излегоа со информација дека според нивни извори кои се запознаени со случувањата, Microsoft е во ексклузивни преговори со Discord и дека финализирање на договорот може да се очекува веќе идниот месец.

Секако ова е неофицијална информација, па не може да се смета како сигурна, но искуството има покажано дека ваквите информации често се покажуваат како точни. Тоа значи дека освен ако не се јават некои непредвидени проблеми, Microsoft може да очекуваме идниот месец да најави дека станува сопственик на овој познат сервис.

Интересот на Microsoft за Discord е повеќе од очекуван и јасен. Оваа платформа е една од најмногу познатите и користените од страна на гејмерите кои ја користат за разговор за време на играњето на игри. Покрај ова, Discord е одлична платформа за групни разговори на гејмерите, како и видео и аудио повици.

Сепак, Discord минатата година, како и повеќето други платформи, поради зголемениот интерес од страна на корисниците поради корона кризата, реши да ја рекламира апликацијата за сите корисници, а не само за гејмерите.

Од Microsoft се очекува да го поврзе Discord со Xbox сервисот, а сигурно би имало и некоја поголем интеграција.

ИЗВОРWindows Central
ИЗВОР 2The Wall Street Journal
Претходна статијаПрепорака за филм: Greenland (2020)
Следна статијаОпштина Битола со возило на електричен погон ќе ги испразнува кантите за отпадоци
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.