Фото: Shutterstock.com

Microsoft ја прекинува поддршката за Office апликациите, односно Microsoft 365 апликациите, кои се инсталирани преку Microsoft Store, продавницата за апликации на Windows.

Овие апликации ќе престанат да добиваат нови функции од декември оваа година, а од декември 2026 година ќе престанат да добиваат и безбедносни надградби. Кратко кажано, корисниците ќе мора да ги инсталираат овие апликации со другиот достапен начин, а Microsoft дава доволно време за истото да биде направено. 

Другиот начин на инсталирање на Microsoft 365 апликациите е преку симнување на датотека од страната на компанијата и инсталација на „традиционалниот“ начин на инсталирање апликации на Windows. 

Оваа датотека сепак не е баш традиционална, па „Click-to-Run“ датотеката овозможува понапреден начин на инсталација, како користење на апликациите пред сите да бидат целосно инсталирани, а тука се и одредени предности за администраторите во компаниите. 

За проверка на верзијата која се користи се што треба е да се отвори некоја од апликациите, на пример Word или Excel, па да се отиде во File > Account или Office Account. Во делот Product information треба да се притисне на копчето About и да се види дали пишува дека верзијата е Click-to-Run или Microsoft Store. 

Доколку инсталираната верзија е од Microsoft Store потребно е бришење на истата и инсталирање на апликациите преку датотеката која се симнува. Добро е што почнувањето на процесот на инсталирање преку датотеката проверува каква верзија е инсталирана, по што се брише таа од Microsoft Store и се реинсталира повторно. 

Корисниците, иако нема да забележат никаква разлика помеѓу апликациите, може да добијат одредени функции кои не им биле достапни со Microsoft Store верзијата, а најмногу разлика ќе забележат администраторите кои ќе имаат доста поголема контрола врз процесот на инсталација и ажурирање. 

На ова треба да се додаде и поголемата интеграција со системот поради тоа што апликациите не функционираат целосно изолирани како што е случајот со апликациите од Microsoft Store. 

ИЗВОРPCWorld
ИЗВОР 2Windows Latest
Претходна статијаЗапочнува можноста за добивање уште една година безбедносни надградби на Windows 10
Следна статијаNothing го претстави CMF Watch 3 Pro часовникот
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.