Microsoft во текот на вчерашниот ден одржа настан поврзан со вештачката интелигенција, односно Copilot. Интересно за компанијата која вештачката интелигенција ја интегрира во сите можни делови од нивните производи, сега го менува маркетингот малку, па настанот беше насочен кон промоцијата на Copilot како ВИ насочена кон луѓето. 

Од Microsoft сето тоа „наметнување“ на ВИ сега сакаат да го нормализираат и да го претстават како природна интеграција корисна за луѓето. 

Главниот на Microsoft AI, Мустафа Сулејман, ја започна таканаречената „сесија“ со истакнување на популарноста на ВИ изминатите години, возбудата околу истата, стравот и слично. Сулејман смета дека технологијата треба да работи за луѓето, па насоката во која од компанијата планираат да одат сега е насочена кон тој принцип. 

Фото: Microsoft

Од компанијата планираат да имаат повеќе вакви сесии, а првата ја презентираше есенската надградба на Copilot, која донесува повеќе нови функции, па дури и нешто што може да се смета како нова верзии од Clippy. 

Листата на нови функции кои доаѓаат кај Copilot ги вклучува следните:

  • Групи, односно можност за соработка на разговорите со Copilot со повеќе луѓе, до 32. 
  • Mico карактерот на Copilot кој се споредува со стариот и познат Clippy од компанијата, кој треба да му даде на Copilot повеќе личен и топол однос при комуникацијата. 
  • Меморија и можност за прилагодување на Copilot да ги памти информациите од корисникот кои се важни, па истите секогаш ќе се земаат во предвид во идните разговори. 
  • Конектори кои овозможуваат поврзување на Copilot со сервиси како OneDrive, Outlook, Gmail, Google Drive, Google Calendar и слични. 
  • Проактивни акции, кои за почеток ќе бидат достапни во Deep Research режимот, со што се одбиваат навремени информации и предлози за чекори кои се потребни да се преземат при истражување. 
  • Copilot за здравствени разговори, поврзан со извори како Harward Health, треба да им овозможат на корисниците поточни и детални информации поврзани со здравствените проблеми. 
  • Copilot за учење на одредени способности, со што овој асистент се претвора во еден вид на тутор. 
  • Како што веќе можевме да прочитаме, Copilot се интегрира во Edge прелистувачот, со нов режим на функционирање кој целосно се заснова на вештачката интелигенција, можноста за сурфање во име на корисникот, меморија на отворените страни и слично. 
  • Copilot во Windows со новата команда „Hey Copilot“ ќе го претвори секој компјутер во ВИ компјутер.

Сесијата, односно презентацијата на овие новини кај Copilot можете да ја погледнете на видеото на почетокот од статијата. 

ИЗВОРMicrosoft
Претходна статијаБЕСТ Скопје организира информативен состанок за нови членови
Следна статијаSamsung изгледа конечно го има средено својот производствен процес кој ќе дојде до израз со Exynos 2600
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.