Фото: Shutterstock.com

Време е и Microsoft да го најави нивниот настан за оваа година на кого ќе видиме нови уреди, иако од компанијата не се баш нешто силни на главниот, мобилен пазар.

Surface линијата од компанијата се покажува одлично, па на 21 септември очекуваме да ги видиме новите верзии од неколку од достапните уреди.

Microsoft започна со испраќање на покани за оваа дата, но не даде повеќе информации, па не е познато за што точно ќе биде овој настан. Сепак, досегашното искуство укажува на тоа дека сигурно може да се очекуваат нови Surface уреди.

Тоа што исто така сигурно се очекува на овој настан, а од компанијата веќе не пропуштаат да го „вметнат“ насекаде, е поврзано со вештачката интелигенција и нејзината интеграција во сите сервиси и производи од компанијата.

Настанот ќе се одржи во Њујорк, како и секогаш ќе може да се следи во живо, а за сите најважни новини ќе можете да прочитате на овој портал.

ИЗВОРWindows Central
Претходна статијаSamsung го носи искуството од најновите мобилни телефони Galaxy Z Fold5 и Z Flip5, серијата Tab S9 и часовниците Watch6 на уредите од претходната генерација
Следна статијаWhatsApp доби поддршка за испраќање на слики во повисока резолуција
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.