Фото: Shutterstock.com

Microsoft решија да стават крај на забуната со која се соочуваат корисниците на компјутерите кога поврзуваат надворешни уреди преку USB-C приклучоците.

Од компанијата објавата за оваа промена ја започнуваат со пример кога корисникот ќе поврзе надворешен монитор кога е на презентација, но мониторот не прикажува слика. 

Причината за ова е што USB-C приклучокот на компјутерот кој го користи на поддржува поврзување на монитори, а проблемот е што тоа не е баш јасно означено и истакнато кај спецификациите од производителот. 

На сето ова додаваат и различните стандарди кои ги има USB, па повеќето корисници сигурен сум дека не ни знаат која брзина на пренос на податоци ја подржува нивниот приклучок, дали можат да го полнат својот мобилен преку него, како и дали можат да поврзат уреди како монитори. 

Microsoft овој проблем планира да го реши на доста едноставен начин. Тие додаваат две нови барања кај нивната WHCP – Windows Hardware Compatibility Program кои во основа ќе бараат од производителите да ги направат сите USB-C приклучоци исти. 

Ова секако важи за тие кои би сакале да ја добијат WHCP сертификацијата, а за тоа од Microsoft „ветуваат“ две нови правила: 

  1. Преносот на податоци, полнењето на уреди и поддршка за монитори едноставно ќе функционира на сите USB-C приклучоци. 
  2. Компјутерите кои доаѓаат со поновите USB стандарди, ќе мора да имаат и поддршка за Thunderbolt уредите. 

Ќе видиме колку од производителите ќе решат да ги следат овие правила, но со оглед дека WHCP програмата се користи за доста повеќе спецификации, повеќето од нив и ќе мораат. 

Овие барања од WHCP програмата ќе важат за Windows 11 24H2 верзијата и понови.

Целосната објава од Microsoft е достапна тука.

ИЗВОРWindows Central
Претходна статијаКарл Пеи смета дека тоа што се мала компанија им дава предност на пазарот
Следна статијаНеколку јазични модели од OpenAI одбивале директни наредби за исклучување
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.