Фото: Microsoft

По вчерашната најава дека можеме да очекуваме нешто големо, Microsoft денеска претстави нови функции кај Windows 11, кои имаат за цел секој компјутер да го направат ВИ компјутер. 

Тоа што е претставено е очекувано и можевме да го претпоставиме, со оглед на тоа што посебно беше истакнато дека корисниците ќе можат „да ги одморат“ своите прсти. 

Microsoft преку својата најава, истакнува три способности кои тие сметаат дека треба да ги имаат компјутерите на корисниците за да бидат ВИ компјутери. Прво, треба со нив да може да се има природна интеракција со текст или глас и истото да го разберат. Второ, треба да можат да го гледаат тоа што го гледаме и трето треба да можат да преземат активност во наше име. 

Како главна новина која можеме да ја поврземе директно со вчерашната најава е претставувањето на командата преку зборот „Hey Copilot“ за активирање на дигиталниот асистент. 

Со ова корисниците веќе не мора да ги користат глувчето и тастатурата, а Microsoft истакнуваат дека корисниците многу почесто поставуваат прашања кога тоа го прават гласовно. 

Кога ќе го активираат Copilot преку новиот збор, корисниците можат да прават се што сакаат, односно се што сега им е достапно и го прават преку внесување на текст. 

Додаден е и збор за крај на разговорот, односно „Goodbye“, но асистентот може и автоматски да се исклучи после неколку секунди без никаков разговор. 

Кога ќе се каже зборот за активирање, потврда за истото може да се види преку иконата која ќе се појави на екранот, како и звучен сигнал. 

Со најавата на оваа новина, како една од клучните функции кои се потребни е Copilot Vision функцијата која има пристап до екранот на корисник, најавена е нејзината достапност за сите корисници во светот. 

Copilot Vision покрај тоа што може да даде објаснување на работите кои корисникот ги гледа во моментот, функцијата е уште покорисна за добивање насоки како нешто да направат, при измена на слика, на пример. 

Во случајот со Word, Excel и PowerPoint интеграцијата е уште подлабока, па Copilot може да направи повеќе активност, а не само такви поврзани со тоа што во моментот се гледа. 

За понатаму се најавува додавање на копче за активирање на Copilot на долната лента од Windows 11, можност за директна работа со локалните датотеки преку Copilot Actions, нови ВИ агенти кои ќе можат да извршуваат повеќе работи и слично.

ИЗВОРMicrosoft
Претходна статијаНовиот М5 чип од Apple донесува посебни подобрувања за работа со вештачка интелигенција
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.