Фото: Microsoft

Microsoft претстави нов Microsoft 365 пакет со кој веќе нема да постои посебна претплата за Copilot Pro или со други зборови, нема да има Copilot претплата која е независна од порано наречените Office апликации, односно пакети. 

Microsoft 365 Premium е новиот пакет и ќе чини исто колку што чинеше Copilot Pro претплатата, колку што чинат повеќето конкурентни ВИ решенија, 19,99 долари месечно. 

Досега достапните Microsoft 365 пакети остануваат, односно Microsoft 365 Free, Microsoft 365 Personal и Microsoft 365 Family, а корисниците кои би сакале повеќе ВИ функции, ќе можат да се претплата на новиот пакет. 

Како што би се очекувало, со Microsoft 365 Premium се добиваат функциите од Copilot Pro, па и повеќе, односно сите достапни функции со доста поголеми ограничувања, пристап до ексклузивни функции, како и до тест функции пред да им бидат пуштени на сите. 

За корисниците на Microsoft 365 Free пакетот, Microsoft најави зголемување на ограничувањата, секако тие остануваат помали од другите пакети, пристап до 4о моделот за генерирање на слики, пристап до гласовна комуникација со Copilot, креирање на поткасти, Vision и Deep research функцијата.

Покрај овие новини, Microsoft повторно ги редизајнира иконите од апликациите од Microsoft 365 пакетот, односно Word, Excel, PowerPoint и Outlook. Иако ова е нешто што од компанијата прилично често го прават, сепак мора да се признае дека редизајнот изгледа одлично. 

ИЗВОРMicrosoft
Претходна статијаGame Dev Rev 2025: Првата конференција посветена на развивање игри во Македонија ќе разабуди креативна револуција 
Следна статијаРадоста е поголема кога се споделува: Galaxy AI за нови начини на создавање и комуникација
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.