Со посебно означување како „Vibe working“, термин што почна да се користи за програмирањето без доволно знаење и искуство, но со помош на вештачката интелигенција, Microsoft го најавија доаѓањето на таканаречените ВИ агенти кај Microsoft 365 апликациите.
Во основа, Word, Excel и PowerPoint добиваат целосна интеграција со овие агенти, што значи дека напредните функции по кои се познати апликациите, веќе корисникот нема да мора да биде „експерт“ за да може да ги користи.
За потсетување, агентите со вештачка интелигенција се алатки кои прават активности во име на корисникот, па тој се што треба е од нив тоа да го побара, односно да го опише.
Две новини доаѓаат кај „Office“, сега Microsoft 365, а покрај агентите кај апликациите, доаѓа и посебен Office Agent кај Microsoft 365 Copilot апликацијата.
Втората новина во основа е корисна за корисниците кои веќе се навикнати да го користат Microsoft 365 Copilot „четботот“, па сега добиваат можност за изработка на напредните документи и презентации директно од него.
Како што би претпоставиле, двете новини овозможуваат опишување на тоа што корисникот сака да го направи, па агентите ќе „почнат со работа“ и ќе ја направат било која задача побарана од нив.
Главниот заклучок кој може да се извади од оваа најава е дека сега било кој корисник ќе може да прави напредни работи во Office апликациите без потреба од експертско ниво на нивно познавање.
„Режимот на агент испорачува вештачка интелигенција која може да „зборува Excel“ како ‘мајчин јазик’. Изграден е врз богатството на артефактите на Excel и најновите модели на расудување на OpenAI – демократизирајќи го пристапот до можностите на експертско ниво и правејќи го напредното моделирање достапно за речиси сите. Овие откритија му овозможуваат на Режимот на агент не само да генерира резултати, туку и да ги оценува резултатите, да ги поправа проблемите и да го повторува процесот додека не се потврди исходот. Тоа е како да му ја предавате работата на експерт за Excel – додека вие управувате и водите.“ – истакнуваат од Microsoft.
Како примери што може да се прави со новите агенти можете да погледнете во следните три видеа.