Фото: Meta

Meta, поточно директорот Марк Закерберг, ги претставија нивните најнови паметни очила кои ги претставуваат под брендот на Ray-Ban. Овој пат очилата се нешто поразлични и го носат името Ray-Ban Display. 

Како што може да се претпостави од самото име, Meta Ray-Ban Display очилата сега доаѓаат со вграден екран, со што дел од информациите можат да се видат без потреба од проверка на телефонот, со што може да се каже и дека започнува најавената замена на смартфоните. Овој процес сепак ќе потрае, да не мислите дека крајот на телефоните е блиску. 

Екранот е вграден директно во очилата, но се прикажува само по потреба, што значи дека корисниците ќе имаат стандардно целосен поглед кон околината. Екранот е во боја и со висока резолуција и е поставен малку на страна со цел корисникот да може да продолжи да ја гледа околината дури и кога е прикажан. 

Новите Meta Ray-Ban Display очила покрај екранот, вклучуваат и микрофони, звучници, како и досега достапна камера. 

За контрола на корисничкиот интерфејс кој се прикажува на екранот, Meta ја претстави и нараквицата Meta Neural Band која успешно го следи секое движење на мускулите, а со тоа и најмалото движење на раката или прстите. 

Очекувано, голем дел од очилата е и Meta AI, а вештачката интелигенција дури може да прикажува генерирани слики врз околината, па корисниците можат доста лесно и корисно да видат како нешто би изгледало на одредена позиција. 

Meta Ray-Ban Display овозможуваат и читање на пораки и правење на видео повици, зумирање со камерата, навигација, преводи и титлови, како и пуштање на музика. 

Овие нови очила ќе се продаваат по цена од 799 долари во САД, плус данок секако, а дали би биле достапни во нашата земја, не сум сигурен. 

Еден од најпознатите „јутјубери“ кој тестира вакви производи, Mrwhostheboss, а е доста интересен, веќе има видео со тест од Meta Ray-Ban Display, па можете да го погледнете во продолжение.

ИЗВОРMeta
Претходна статијаНа корисниците изгледа не им се допаѓа новиот Liquid Glass дизајн 
Следна статијаAOMedia го најавија пуштањето на AV2 видео „кодекот“ до крајот на годината
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.