Фото: Shutterstock.com

Според информации до кои има дојдено Business Insider, Microsoft ќе бара од своите вработени да ги користат алатките со вештачка интелигенција во нивната работа. 

Со други зборови, користењето на Microsoft Copilot, во било која од достапните форми, станува обврска, односно веќе нема да биде нешто што вработените ќе можат да го прават по избор. 

Од Business Insider истакнуваат дека од компанијата ќе почнат да бараат од дел од директорите да ги оценуваат вработените врз основа на тоа колку тие ја користат вештачката интелигенција, а се размислува и додавање на нова мерка поврзана со ова во процесот на оценка. 

Со оглед на тоа дека се работи за компанија како Microsoft, оваа политика од нив може да се смета како показател за иднината, односно во кој правец ќе одат повеќето работни места во годините што следат. 

Вештачката интелигенција како алатка, кога се користи како што треба и од страна на луѓе кои знаат како да ја користат, станува навистина корисна и може да ја зголеми ефикасноста повеќе пати. 

Сепак, од Forbes добро истакнуваат дека вештачката интелигенција не треба да ги замени луѓето, тука истата да биде „копилот“ кој ќе помогне во процесите при работата. На луѓето останува да ја задржат креативноста и способноста за решавање на проблеми, нешто што барем сега за сега, не е баш најсилна страна на ВИ. 

Без разлика на сето ова, станува јасно дека способноста за користење на вештачката интелигенција, односно знаењето како да се постави прашање, како да се автоматизираат одредени активности, да се користат ВИ агентите, ќе стане важна способност која ќе се бара од вработените. 

Претходна статијаЧетири години по претставувањето Windows 11 дури сега успева да го надмине Windows 10 по бројот на корисници
Следна статијаНајновата програмерска бета од iOS 26 ги намали Liquid Glass ефектите на доста делови од корисничкиот интерфејс
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.