Фото: Shutterstock.com

Иако веќе со години гласините го најавуваат „iPhone Fold“, кој веќе требаше да биде претставен, идната година изгледа конечно ќе биде таа кога Apple ќе влезе на овој интересен, но сѐ уште не толку голем пазар. 

Една од главните причини која се истакнува поради која Apple остави толку години да поминат за да го претстави нивниот прв уред на преклоп наводно и очекувано е линијата која се појавува на местото на превиткување на екранот.

Овој проблем не е така мал како што може на некои да им изгледа, па е типично за Apple да почека доволно пред да влезе на некој пазар и да претстави нешто што навистина ќе вреди, а не нешто што се развива „пред очите“ на корисниците.

Сепак, како што анализираше Марк Гурман, претставувањето на iPhone на преклоп не може да се каже дека е баш во карактеристичниот стил на Apple и покрај чекањето. Овој уред можеби ќе биде доста напреден, но нема да има ништо што не го нудат и конкурентите или ќе почнат да го нудат од идната година. 

Таква е и најновата информација од познатиот Минг-Чи Куо кој шпекулира дека идната година првиот iPhone на преклоп и осмата генерација од Galaxy Z Fold, нема да имаат видлива линија на местото на превиткување на екранот.

Ова значи дека Apple нема да има уникатен производ на пазарот, но сепак корисниците на овој бренд ќе добијат одличен уред. 

Производството на екраните за двата уреди ќе биде на Samsung Display, но технологијата од M-Tec е таа која се истакнува како главна која ќе ги овозможи „мазните“ екрани. 

Куо најавува уште информации за првиот iPhone на преклоп, а секако такви ќе има уште многу со оглед на очекуваното претставување во втората половина од идната година. 

ИЗВОРMacRumors
Претходна статијаWindows 11 ќе добие поддршка за пуштање на звук на повеќе од еден уред во исто време
Следна статијаGalaxy Watch Ultra отсега со One UI 8 Watch
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.