Microsoft објави видео, кое изгледа ќе биде дел од серијал на видеа, наречено Windows 2030 Vision, во кое говори Дејвид Вестон, корпоративен потпретседател за бизниси и безбедност.
Ова не е класично видео преку кое се говори за дизајн промените или некои други нови функции кои можеме да ги очекуваме во Windows. Во овој видео се говори за целосна промена на начинот на којшто ќе ги користиме компјутерите, а во главно поради развојот на вештачката интелигенција.
Како што истакнува на почетокот од видеото Вестон, користењето на компјутерите ќе биде толку различно, што денешниот начин на генерациите во иднина ќе им изгледа како што на нас ни изгледа користењето на стариот DOS систем.
Во основа, оперативните системи се помалку ќе бараат од корисниците да ги користат сега незаменливите глувче и тастатура, а интеракцијата во главно ќе се одвива преку гласовни команди.
Ова не е нешто ново како замисла и јасно ни е дека иднината оди во тој правец, но сега имаме и подобра претстава како тоа ќе изгледа. Претставувањето на ВИ агентите ни покажува каква би била интеракцијата со ВИ, односно што се ќе може да биде направено.
ВИ ќе може да гледа се што ние гледаме, да не слуша и слично, па ние се што ќе треба е да кажеме што би сакале да направиме и агентот ќе го направи истото.
Во некоја почетна форма веќе гледаме како ќе изгледа иднината на оперативните системи преку претставувањето на новите „агентски“ интернет прелистувачи, а Microsoft го надгради Edge со новиот Copilot Mode.
Како што вештачката интелигенција сега може, кратко кажано, да „сурфа“ во наше име, во идните оперативни системи ВИ ќе може да ги прави сите активности за нас на компјутерот.
Видеото можете да го погледнете во продолжение.