На посебен настан за медиумите кој се одржа денес, Huawei го презентира својот најнов телефон Huawei Mate 20 lite во нашата земја. Со тоа од компанијата го потврдија присуството на нашиот пазар, како пазар важен за нивното светско присуство.

На настанот претставници од компанијата го прикажаа телефонот којшто ни беше достапен и на нас новинарите да го „прочепкаме“ и да видиме за што станува збор. Смартпортал доби е еден примерок на тестирање, па може да очекувате рецензија за истиот и подобро да видите за каков уред се работи.

Инаку Huawei Mate 20 lite беше претставен пред десетина дена, а продажната цена му изнесува околу 23 до 24.000 денари, доколку се земе само уредот, без договор од некој оператор.

Се работи за уред од средно високата класа според цената, меѓутоа како и секогаш со Huawei, ќе забележите дека неговите карактеристики го ставаат во нешто повисока класа. Повеќе информации за Mate 20 lite можете да прочитате на овој линк.

Претходна статија5 одлични “back-to-school” понуди од Motorola
Следна статијаGoogle го откажува Inbox како што повеќето негови функции станаа дел од Gmail
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.