Google вчера го претстави нивниот најнов и досега најнапреден квантен чип Willow. Од компанијата истакнуваат два фактори кои прават пробив во областа и се наредниот чекор кон целосно функционалните квантни компјутери.
Со Willow Google постигнуваат нешто што за првпат се постигнува после 30 години, а тоа е намалување на грешките експоненцијално кои се јавуваат секогаш кога се зголемува бројот на „кјубитови“, мерката за податоци кај квантните компјутери.
Второ, новиот чип успешно има завршено тест проблем за помалку од пет минути, нешто што на стандарден денешен супер компјутер би му требало повеќе време од „постоењето на универзумот“, како што истакнуваат од Google. Тоа во бројки би било 10^25 години.
Квантните компјутери се очекува дека ќе можат да решат доста важни проблеми во иднина, како на пример одредени здравствени проблеми, научни проблеми, а ќе овозможат и напредок во истражувања, како на пример во развојот на одредени технологии.
Претставувањето на Willow можете да го погледнете во продолжение.