Google ни даде решение за секојдневен „проблем“ кој сигурно ти се има случено и на тебе. Мелодијата од песна која што ја слушна денес, а не знаеш како се вика, сега е доволна за да го најдеш името на песната.

Почнувајќи од оваа недела, овозможено за iOS и Android, може да притиснеш на микрофонот до логото на Google, да прашаш „Search a song?“ и да го потпевнеш оној дел од песната кој ти текнува. Веќе нема потреба од името на изведувачот или дел од текстот, само „мрморење“ на мелодијата околу 10-15 секунди. Потоа, Google ќе ти прикаже избор на песни кои веројатно соодветствуваат со мелодијата. 

Опцијата препознава околу 20 јазици, но компанијата најавува и зголемување на оваа бројка со цел поголема достапност. Добрата вест исто така е дека за песната да биде препознаена, нема потреба да бидеш талентиран пеач или да имаш посебни пеачки способности, што е олеснување за многу од нас.

При избор на некоја од понудените резултати, ќе може да се погледнат сите информации поврзани со песната.  

Google не се првите кој ја нудат оваа можност, SoundHound ја има веќе одамна инкорпорирано, но Google е има далеку поголема посетеност и искористеност, па очекуваме да видиме дали ова ќе влијае позитивно на употребувањето на оваа опција. 

ИЗВОРTechCrunch
ИЗВОР 2Google
Претходна статијаSnapchat станува „конкурент“ на TikTok
Следна статијаПроизведен првиот електричен автомобил во Македонија