Фото: Shutterstock.com

При крајот на минатата година беше пуштена неофицијалната информација според која Google веќе не планира развој на два посебни оперативни системи за телефоните и компјутерите. 

Според овие информации, Google планира спојување на ChromeOS во Android, а сега има и потврда на истото. 

Потврдата доаѓа од страна на претседателот на Android екосистемот, Самир Самат, кој информацијата ја потврдува преку прашање за новинар. Во прашањето тој истакнува дека се планира комбинирање на ChromeOS и Android, па го интересира како корисниците ги користат нивните лаптопи во денешно време. 

Јасно е дека Google сметаат дека огромен број на корисници ги користат своите компјутери за едноставни активности, а на таа логика беше направен и ChromeOS. 

Со Android 16, овој систем започнува да добива десктоп функции, како можноста за менување на големината на прозорите, отворање на повеќе апликации во посебни прозори и слично. 

Тоа покажува дека на Google нема да му бидат потребни два посебни системи, а логиката во спојувањето доаѓа и од повеќегодишното додавање на Android функции кај ChromeOS, како поддршка за пуштање на апликациите. 

Ќе почекаме уште малку додека официјално го видиме резултатот од оваа одлука, а ќе видиме и дали и каква промена ќе дојде кај Chromebook компјутерите поради ова. 

ИЗВОРAndroid Authority
Претходна статијаMicrosoft тестира автоматско вклучување на режимот за заштеда на енергија зависно од начинот на користење на компјутерот
Следна статијаКористењето на алатки со вештачка интелигенција ги забавува искусните програмери 
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.