Фото: Google

Google ја претстави наредната верзија од нивниот голем јазичен модел, Gemini 2.5, а очекувано истиот го промовира како најинтелигентниот модел досега. За разлика од претходната верзија, Gemini 2.5 станува достапен како Gemini 2.5 Pro Experimental, со што ќе им биде достапен само на корисниците кои плаќаат, како и на програмерите преку достапните алатки. 

Бесплатните корисници засега oстануваат на Gemini 2.0, јазичен модел кој сепак има одлични способности. 

Gemini 2.5, како и претходникот, е од категоријата на сега актуелните јазични модели кои „размислуваат“. Тоа значи дека одговорите се добиваат со претходно подобро разбирање на барањето на корисникот, наместо тоа да се прави најбрзо што може. 

Google истакнуваат дека новиот модел е на првото место во повеќе тестови, а посебно ја истакнува способноста за математика и наука, како и програмирање. 

Посебно се истакнува подобрувањето во способноста за програмирање во споредба со Gemini 2.0, а генеративната вештачка интелигенција се развива како одлична алатка за програмерите. 

ИЗВОРGoogle
Претходна статијаApple го најави одржувањето на годинашната WWDC конференција од 9 до 13 јуни
Следна статијаApple наводно ќе ги користи ВИ чиповите од Nvidia за развојот на своите големи јазични модели
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.