Фото: Shutterstock.com

Закон кој во различни форми се предложува уште од 2022 година, треба да биде ставен на гласање на 14 октомври во ЕУ. Законот, како и повеќето вакви, навидум изгледа како безопасен закон кој како главна цел има заштита на децата. 

CSAR – Child Sexual Abuse Regulation, има за цел да ги открива корисниците кои испраќаат слики од деца, а ова е нешто што одамна повеќе страни се обидуваат да го донесат како правило, па дури и Apple имаа проблем поврзан со сликите кои се чуваат во iCloud. 

Проблемот кој настанува со еден ваков закон кој изгледа како целосно оправдан и добронамерен е што им наметнува на програмерите на апликациите како Signal, да ги скенираат сите пораки на корисниците пред да бидат испратени. Тоа би се правело најверојатно со вештачка интелигенција вградена во самата апликација на уредот од корисникот. 

Со ваквото скенирање скоро се губи поентата на апликациите кои овозможуваат од-крај-до-крај шифрирана комуникација, па јасно е дека никој нема да може да гарантира дека скенирањето на пораките ќе биде ограничено само на детската нелегална содржина. 

Дополнително, отворањето на една ваква „заднинска врата“ го зголемува ризикот од злоупотреба од трети страни, односно дури и намерите на властите да се добронамерни, тие отвораат простор за хакерите да добијат пристап до пораките. 

Законот изминатиот период стана популарно нарекуван „Chat Control“, а доста организации застанаа против неговото донесување. 

Благодарение на нив може да се каже дека Германија се изнесе како против овој закон, нешто што се погоди како клучно за губењето на поддршката и можноста да биде донесен. 

Во основа, Германија со доволно големиот број на жители, а со тоа и пратеници, го овозможува потребниот процент за таканаречената „малцинска опозиција“, поради што законот најверојатно нема ни да биде ставен на гласање. 

Кога ќе се земе во предвид колку пати законот се планира да биде донесен, а и познатите закони од Обединетото Кралство, сигурно само прашање на време е кога со тоа и е се успее. 

Изгледа останува клучно доволно организации, но и обични корисници да биде свесни за ова и да бидат доволно гласни против ваквите и слични закони. 

На оваа страна можат да се најдат повеќе информации за „Chat Control“, како и листа на земјите од ЕУ и нивниот став кон овој закон. 

Претходна статијаСѐ уште тајниот производ на кој работат OpenAI и Џони Ајв можно е да доцни поради технички проблеми
Следна статијаНовото поглавје започнува: Tessa Group
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.