Македонски Телеком продолжува да ги поддржува гејмерите во Македонија. Со својата единствена понуда на пазарот, Gaming Booster им овозможува на гејмерите да уживаат во супериорно гејминг искуство, искористувајќи ги сите предности на најбрзата мрежа во Македонија, без дополнителни трошоци.

Корисниците можат брзо и лесно да активираат Gaming Booster пакет преку апликацијата Telekom MK и веднаш да го подобрат своето гејминг искуство.

Сите корисници на оптички интернет на новите пакети Magenta 1 и Internet & TV 2024 со тарифни модели M и L имаат можност да активираат и да користат Gaming Boosters 300 без дополнителен надомест до 30 ноември 2024 година. 

Како да го активирате?

Gaming Booster може да се активира преку апликацијата Telekom MK, а понудата без дополнителен надомест е достапна до 30 ноември 2024 година. 

Што нуди Gaming Booster?

Преку Gaming Boosters, Телеком обезбедува загарантирана супериорна брзина, минимална латенција и стабилност на конекцијата со минимален jitter и со Sticky IP адреса којашто останува непроменета за време на гејминг сесиите. За сите вистински гејмери, овa претставува идеално решение за најдобро и единствено гејминг искуство.

Сето ова им овозможува на гејмерите да се фокусираат на својата стратегија без да се грижат за техничките аспекти. Македонски Телеком ја потврдува својата заложба за најдобра и најбрза интернет услуга, нудејќи иновации коишто ќе им овозможат супериорно искуство на корисниците на најбрзата мрежа во Македонија.

Повеќе инфо на: www.telekom.mk

Претходна статијаGSMA најави додавање на шифрирање кај RCS стандардот кој сега е достапен и на iPhone
Следна статијаВо петок, на 20.09.2024, во Охрид започнува големата Балканска Олимпијада по Информатика во организација на Здружението на информатичари на Македонија