Фото: Samsung
  • Имерсивен екран: 10.9-инчен дисплеј со Vision Booster и до 600 нити максимална светлина за живописно гледање и во затворен простор и на отворено.
  • Сигурни перформанси што траат: Со унапреден процесор и батерија од 8000mAh со супер-брзо полнење, Galaxy Tab S10 Lite е создаден да издржи долги часови на забава, учење и повеќе.
  • S Pen и креативни алатки: Вклученото S Pen пенкало, интелигентните функции и поддршката за голем број апликации од трети страни им овозможуваат на корисниците лесно да скицираат, пишуваат и креираат.

Скопје, 25 август – Samsung Electronics Co., Ltd. денес го претстави Galaxy Tab S10 Lite – таблет создаден да го подобри начинот на кој корисниците гледаат содржини, креираат и остануваат продуктивни каде и да се. Со голем екран за имерсивно визуелно доживување и вклучено S Pen пенкало за креативно изразување без напор, Galaxy Tab S10 Lite нуди секојдневна практичност и одлична вредност во еден елегантен уред. Дополнително, Samsung интелигентните карактеристики овозможуваат лесен пристап до нови нивоа на креативност и продуктивност, додека беспрекорно поврзаното искуство ги синхронизира идеите, содржините и задачите низ целата Galaxy екосфера.

„Новиот Galaxy Tab S10 Lite е дизајниран да донесе практични, секојдневни функционалности до повеќе луѓе ширум светот,“ изјави Чангтае Ким, извршен потпретседател и раководител на New Computing R&D Team во Mobile eXperience Business, Samsung Electronics. „Го создадовме како сигурен придружник кој им овозможува на корисниците да извлечат максимум од секој момент – со корисни функции и разновиден дизајн кој природно се вклопува во нивниот живот, било да преминуваат меѓу часови и плејлисти, остануваат продуктивни во текот на денот или го претвораат слободното време во креативно искуство.“

Гледај и играј на посветли и помазни екрани

Со големиот 10,9-инчен екран, Galaxy Tab S10 Lite нуди извонредно искуство за забава – совршено за стриминг, пребарување и многу повеќе. Благодарение на Vision Booster и врвната осветленост до 600 нита, корисниците можат да уживаат во омилените содржини на живописен и мазен екран кој лесно се прилагодува и на затворен, и на отворен простор. Дополнително, намалената емисија на сина светлина овозможува поголема удобност при подолги часови гледање серии или филмови.

Овој таблет доаѓа со надграден процесор и поголем капацитет на меморија, што му овозможува лесно и брзо справување со секојдневните задачи – од преминување меѓу повеќе отворени табови при истражување, до работа со различни апликации истовремено. Батеријата со капацитет од 8000 mAh и поддршката за супер-брзо полнење гарантираат дека Galaxy Tab S10 Lite ќе издржи долги часови непрекината забава или ноќни учења во библиотека, без грижа за често полнење.

Интелигентни функции за креативност и поголема продуктивност

Од учење до реализирање креативни идеи, Galaxy Tab S10 Lite носи интелигентни функции кои помагаат корисниците да останат фокусирани и инспирирани во секој момент и на секое место. Со практични алатки кои ги следат секојдневните потреби во движење, таблетот овозможува јасно размислување и слободно создавање – без разлика на задачата.

  • Во пакувањето доаѓа S Pen што овозможува моментална реакција и неверојатна прецизност. Запишување идеи за време на повик или брзо скицирање додека патувате – сè е возможно и едноставно.
  • Интелигентни алатки на Samsung Notes донесуваат структура во секојдневното размислување, без разлика дали станува збор за организирање на рачни белешки со Handwriting Help, решавајте равенки со Solve Math, или директно означување и уредување PDF документи. Функцијата Split View овозможува преглед на лекциски слајдови и истовремено водење белешки или цртање со референтни слики – совршено за мултитаскинг.
  • Galaxy Tab S10 Lite  е и одличен AI придружник. Со Circle to Search (во соработка со Google) добивате моментално пребарување и преведување од било кој дел на екранот, без да го прекинете фокусот. Дополнително, Galaxy AI Key на тастатурата Book Cover Keyboard нуди брз пристап до вештачката интелигенција за идеи, помош или брзо решавање задачи.
  • Galaxy Tab S10 Lite  нуди пристап до бројни апликации од трети страни, овозможувајќи им на корисниците да истражат различни алатки за својот уникатен начин на работа. Од  креативни алатки како Goodnotes, Clip Studio Paint, LumaFusion, Notion, до популарните Noteshelf 3, ArcSite, Sketchbook и Picsart – за идеите да преминат од концепт до финално дело без ограничувања.

Дополнително, Galaxy Tab S10 Lite нуди и ексклузивни понуди за апликациите – како 1 година бесплатна верзија на Goodnotes, 6 месеци бесплатна проба на Clip Studio Paint со 20% попуст за првата претплата, 66% попуст на LumaFusion со 1-месечен Creator Pass, како и 1 месец бесплатна проба на Notion Plus план со Notion AI.

Достапност

Galaxy Tab S10 Lite ќе биде достапен почнувајќи од 5 септември и ќе се нуди во три бои: сива, сребрена и корално-црвена.

За повеќе информации за Galaxy Tab S10 Lite, посетете ги: Samsung Global Newsroom или Samsung.com.

Спецификација

Galaxy Tab S10 Lite 
Екран10.9 инчи, 2112×1320 (WUXGA+), TFT
* Измерено дијагонално како целосен правоаголник, без да се земат предвид заоблените агли. Реалната видлива површина е помала поради заоблените агли и отворот за камерата.
OSAndroid 15.0
Димензии165.8 x 254.3 x 6.6мм
Тежина524г (Wi-Fi, 5G)
КамераЗадна8MP
Предна5MP
Меморија & Склад*6GB+128GB8GB+256GB  microSD up to 2TB**
* Достапноста на меморија може да се разликува во зависност од пазарот, моделот, бојата или операторот. Реалната достапност на меморија може да варира во зависност од однапред инсталираниот софтвер, како и од пазарот, моделот, големината и форматот на датотеките.** MicroSD картичката се продава одделно. Сите модели поддржуваат microSD картички со капацитет до 2 TB. Надворешната меморија може да се користи за складирање на медиумски содржини (фотографии, видеа и музички датотеки). Достапноста може да варира во зависност од земјата и производителот..
AP Exynos 1380
Батерија*8,000mAh
* Типична вредност тестирана под лабораториски услови од трета страна. Типичната вредност е проценета просечна вредност земајќи го предвид отстапувањето во капацитетот на батеријата меѓу тестирани примероци на батерии според стандардот IEC 61960. 
Мрежа &Поврзаност5G, Wi-Fi 6, Bluetooth® v 5.3
БојаСива, сребрена, корално-црвенаG
Звук2EA (1.6W)
Претходна статијаGemini влегува во игра како основа за напредната верзија од Siri