android-device-frag

Една од главните карактеристики на Android оперативниот систем е неговата отвореност, која што овозможува секој кој што сака да го промени и прилагоди за сопствените потреби. Сето тоа е можно бесплатно, односно за користење и измена на оперативниот систем не се плаќа лиценца. Тоа доведува да бројот на различни верзии од овој оперативен систем е голем, како и бројот на различни уреди. Според одредени луѓе оваа таканаречена фрагментираност е еден од најголемите проблеми на платформата, меѓутоа според други токму ова е причината зошто овој оперативен систем моментално е најпопуларниот систем во светот. Ниту еден друг оперативен систем не ги нуди можностите како Android, нешто што е искористено од голем број на компании.

Главниот проблем кога се збори за фрагментираноста на Android е во комплицираноста која што се јавува за програмерите при развивањето на апликациите. Поради огромниот број на верзии, како и уреди кои што имаат различен хардвер, големина на екран и слично, програмерите не се во можност да ги тестираат и со тоа оптимизираат своите апликации за сите нив. Меѓутоа од друга страна ваквата ситуации им овозможува пристап до огромен број на корисници, а со тоа и добра можност за заработка.

Во продолжение можете да ги погледнете резултатите од истражувањето на OpenSignal компанијата за фрагментираноста на Android оперативниот систем и уредите на кои што се користи. Начинот на кој што е извршено истражувањето е преку симнување на нивната апликација од страна на корисниците, што во овој случај тоа е направено од страна на 682.000 корисници. Од овие корисници добиени се следните информации:

  • На Android оперативниот систем работат 18.796 различни уреди, што е зголемување од минатата година кога имало 11.868 уреди, односно 3.997 во 2012 година
  • Најновата верзија од оперативниот систем, односно 4.4 KitKat ја користат 20,9% од корисниците
  • Најголемиот производител на Android уреди е Samsung со 43% од уредите кои што се користат, што е намалување за разлика од минатата година кога уделот изнесувал 47,5%
  • Производителот кој што е на второ место, Sony, има само 4,8% пазарен удел
  • 10-те најпопуларни уреди на пазарот сочинуваат 15% од сите уреди, процент кој што минатата година изнесувал 21%
  • Развиените земји имаат поголем процент на корисници кои што ја користат најновата верзија од Android, односно 35%, додека кај земјите во развој процентот изнесува 12%

Извор: TechCrunch, OpenSignal

Претходна статијаSamsung претстави три во едно USB кабел за полнење на повеќе уреди
Следна статијаGalaxy S5 го направи Ice Bucket предизвикот во најновата реклама од Samsung
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.