За разлика од почетокот, Facebook веќе не е компанија со еден производ и не е компанија која е само друштвена мрежа. Со текот на годините оваа компанија разви или купи дополнителни производи кои се сега дел од групата, па сега сака тоа посебно да може да се издвои и истакне кај сите овие производи.

Facebook компанијата претстави ново лого, поточно корпоративно лого, кое треба да ја издвои од останатите производи, а посебно од Facebook друштвената мрежа, односно Facebook апликацијата.

Тоа значи дека Facebook како апликација, како друштвена мрежа, нема да има промена на логото, но затоа компанијата веќе нема да се идентификува со тоа лого.

Новото лого е едноставно, исто како и тоа на апликацијата. Разликата е што наместо мали букви, ова лого користи големи, а и бојата не е сина, туку може да биде во повеќе бои, зависно од потребата.

Ова лого ќе биде истакнато кај сите производи од компанијата, односно ќе стои ознаката „from FACEBOOK“, како што е примерот на сликата подолу со Instagram апликацијата.

Покрај Facebook друштвената мрежа и Messenger, во сопственост на Facebook се и Instagram, Oculus, Workplace, Portal и дел од Calibra.

Со ова, Facebook сака да каже дека веќе не треба да гледаме на оваа компанија само низ нејзината прва и главна друштвена мрежа, со истото име. Покрај ова, доста власти бараа од компанијaта подобро да истакнува кој сервиси и апликации се во нејзина сопственост.

ИЗВОРFacebook
Претходна статијаSamsung Galaxy S11 наводно ќе дојде со камера со 108 мегапиксели
Следна статијаSamsung го претстави ClimateHub, своето прво интегрирано решение за греење и довод на топла вода
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.