Фото: Shutterstock.com

Wikipedia може да се каже дека нема баш најпозитивен углед изминатите неколку години, па оваа позната веб страна прашање е дали сѐ уште може да се смета како сигурен извор на информации. 

Кратко кажано, проблемите се вртат околу познатата „тема“ во САД, а тоа е влијанието на „левицата“ и неколку од најпознатите теми во земјата. 

Поради зачестените критики изминатиот период, Елон Маск најави дека планира да пушти конкуренција на оваа страна, а истата би била наречена „Grokipedia“. 

Тој во кратка објава на X, не само што ја потврди информацијата, туку и најави дека првата тест верзија од Grokipedia, верзијата 0.1, може да се очекува за две недели. 

Од името може да се заклучи нешто што би било очекувано, а тоа е дека конкуренцијата на Wikipedia би била направена со голема помош од Grok, вештачката интелигенција која е развивана од страна на една од компаниите на Маск. 

Очекувањата се дека Grokipedia ќе биде независен извор на информации кој нема да биде под големо влијание на едната или другата страна во САД, па ќе видиме како тоа ќе изгледа кога ќе излезе официјално. 

Претходна статијаЏон Тернус продолжува да биде главниот кандидат за наследник на Тим Кук како директор на Apple
Следна статијаСемејството на AI уреди расте: Пристигнува AI-phone Pro
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.