Фото: Shutterstock.com

Несогласувањата помеѓу едно време „најдобрите пријатели“ Елон Маск и Доналд Трамп за кратко престанаа, но повторно се појавија по изгласувањето на „Големиот Убав Закон“. 

Маск во основа смета дека со овој закон ќе се зголеми долгот кој го има САД, наместо истиот да се намалува, кратко кажано. Законот има повеќе точки, па потребна е подобра анализа за да се заклучи што точно се постигнува со него и зошто. 

Поради ова, Маск почна да објавува дека нема разлика која партија е на власт во САД, а двете партии во основа се контролирани од ист центар. Во негов карактеристичен стил ги праша следбениците дали сметаат дека е потребно формирање на нова партија, а повеќето одговорија потврдно. 

Сега Маск го најавува формирањето на нова политичка партија која ќе биде наречена Американска Партија, односно „America Party“. 

Засега партијата не е официјално формирана, па ќе видиме дали тоа дефинитивно ќе биде направено оваа недела. 

Според најавите, целта на Американска Партија е да успее да освои 2 до 3 места во Сенатот, како и 8 до 10 места во Претставничкиот Дом. Со тоа партијата би имала доволно влијание при носењето на законите, а како што се виде во случајот со „Големиот Убав Закон“, одлуката во Сенатот беше донесена само со еден глас повеќе, односно одлучувачки беше тој на потпретседателот Венс. 

Претходна статијаiPhone 17 Pro Max се очекува да добие батерија со најголем капацитет досега кај iPhone
Следна статијаAI.Weekend повторно ја собира регионалната AI заедница во Ровињ: Идеи, иновации и дискусии кои ја обликуваат денешницата
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.