Shutterstock.com

Елон Маск во неговиот препознатлив стил постави прашање на Twitter дали неговите следбеници поддржуваат тој да продаде 10% од неговите акции во Tesla. После неколку денови на „гласање“, одговорот е позитивен, односно 57,9% од 3,5 милиони гласови беа во правец на тоа да Маск продаде 10% од неговите акции во Tesla.

Причината за една ваква понуда од страна на Маск е обвинувањата дека тој и другите милионери и милијардери избегнуваат да платат огромни суми на данок поради тоа што нивното богатство во главно е во акции. Промената на вредноста на акциите според некои треба да биде оданочена, без разлика дали сопственикот на акциите ги има продадено истите, односно има заработено од нив.

Даноците кои ги плаќа Маск се доста ниски, па тој понуди да продаде 10% од неговите акции во Tesla, кои се во вредност од околу 21 милијарда долари според некои пресметки. Со таа продажба тој би морал да плати данок, а висината на сумата која треба да ја плати е огромна.

По станувањето јасно дека гласањето на Twitter ќе оди во правец на поддршка на продажбата на акциите, вредноста на истите падна за 9%, иако не е познато дали Маск дефинитивно ќе ги послуша неговите следбеници.

Тој сепак за време на поставувањето на прашањето, одговори дека планира да ги послуша резултатите, без разлика какви ќе бидат.

ИЗВОРTechSpot
Претходна статијаФИТР: Првиот хибриден Инвестициски фонд од 27 милиони евра ќе овозможи рапиден раст и развој на македонските иновативни компании
Следна статијаНова менторска програма на ФИТР и PwC за стартапи во рана фаза
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.