Иако не покажуваат знаци на намалување на својата популарност, друштвените мрежи се почесто се предмет на критики, а и голем дел од корисниците сакаат да ја намалат својата зависност од нив, па ретко кој успева.

Главните критики за друштвените мрежи се во суштината на нивниот начин на функционирање, барем изминатите години, а не кога тие почнуваа со работа.

Наместо акцентот да биде ставен во главно на содржината, друштвените мрежи воведоа алгоритми кои ја бираат содржината според популарноста, што само по себе не е лошо, но сепак создаде една ситуација каде квалитетот остана на последното место.

Кога на ова ќе се додаде дека заработката кај мрежите се прави преку рекламирање, видовме изминатите години како може да дојде до злоупотреба на сите информации кои мрежите ги чуваат за своите корисници и им ги ставаат на располагање на огласувачите и креаторите на апликации.

Имаше обиди овие години да се предизвика доминацијата пред се на Facebook, но и Twitter, од компании и како Google, но знаеме сите како поминаа тие.

Еден од основачите на Wikipedia, Џими Велс, по неколку години работа со WikiTribune, сега ја основа друштвената мрежа WT:Social. Слоганот на мрежата покажува и каква ќе биде оваа мрежа, односно „мрежа фокусирана на вести“.

Идејата за WT:Social, која постои околу еден месец и има околу 50.000 корисници, е да не функционира на бизнис модел кој е базиран на реклами. Оваа мрежа би ги собирала своите финансиски средства исто како и Wikipedia, односно преку доброволни донации од страна на корисниците.

За возврат, корисниците ќе добијат мрежа која нема да ги собира нивните информации со цел да ги продаде на огласувачите.

Друга работа која ќе биде различна, а исто така голем дел од друштвените мрежи, е начинот на којшто ќе се прикажува содржината. На WT:Social содржината ќе се прикажува според тоа која е најнова, а не според тоа колку лајкови и популарност има.

Според Велс, „Бизнис моделот на друштвените мрежи, чисто рекламирање, е проблематичен. Излегува дека голем победник е содржината со низок квалитет“.

Ова тврдење на Велс може слободно да се каже дека е доста точно. Луѓето најчесто не ја бираат содржината која сакаат да ја гледаат според квалитетот, туку според популарноста, според тоа колку лајкови има и слично. На сметка на тоа трпи целата платформа, но и објавувачите кои пробуваат да се прилагодат на тоа.

Линкот до мрежата е https://wt.social/, но регистрирањето уште не е достапно за сите. Листата на чекање е прилично голема, а има ситуации кога и не е можно регистрирање воопшто.

ИЗВОРTechSpot
ИЗВОР 2TNW
Претходна статијаПродажбата на Huawei Watch GT 2 во Македонија започна со летечки старт
Следна статијаСе одржа Ендава Tech Flow, настан посветен на DevOps и автоматизирано тестирање
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.