claxi-1

Скопје, 23.09.2015 – Seedstars World настанот кој претставува најголема меѓународна мрежа за претприемачи од делот на брзо растечки стартап бизниси, на 22 Септември 2015, се одржа во Белград, Србија, каде Claxi првата македонска апликација за повикување на такси како еден од финалистите на настанот, гордо ја претави својата услуга, заедно со најдобрите 10 стартап приказни на Балканот годинава.

На најголемиот меѓународен настан за – Seedstars World кој се одржува во 50 градови низ светот, се претстави и Claxi, со цел да го претстави концептот и бенефициите за корсниците, а истовремено и да ги отвори вратите за потенцијални партнерства на странскиот пазар. Во моментов тимот на Claxi работи на лансирање на оваа апликацја во Србија, Хрватска, Камерун и Илиноис.

На овогодинешниот настан во Белград од пријавени повеќе од 500 стартапи, на 22-ри септември, влегоа само 10 најуспешни и најкреативни бизниси меѓу кои и Claxiмакедонската мобилна апликација за повикување такси. Јавната презентација на овие бизниси беше одржана вчера, а настанот продолжува во Швајцарија каде најдобрите 50 стартапи од сите полуфинални локации ќе имаат можност да се претстават и да се натпреваруваат за инвестиции во вредност од 1.5 милиони долари.

Тимот на Claxi, оваа година активно работи на проширување на странските пазари преку отворените повици за партнерства и нивното претставување на неколку светски настани како CeBIT 2015, Web Summit 2015 и други.

Повеќе детали околу настанот можете да најдете на: Seedstars World

http://claxi.net/

Претходна статијаUSS Enterprise целосно рекреиран за виртуелна тура
Следна статијаDigital Storm Aventum 3 е десктоп компјутер за вистинските познавачи!