Trä kan ersätta bomull och glasfiber_Cellulosatråd baserad på fibriller 1

Група научници кои работат на KTH Royal Institute of Technology од Stockholm, тврдат дека откриле начин како да направат целулозни влакна кои се поцврсти и од челик, гледано од аспект на односнот помеѓу цврстината и тежината. Она што е револуционерно во нивниот пронајдок е тоа што новиот тип на влакна може да се искористи како материјал кој е биоразградлив и кој би бил замена за многу материјали со слични својства како што се фибергласот, пластиката и некои метали. Најинтересноте е дека за добивање на овој нов материјал, се потребни само вода, целулоза (од дрво) и мало количество на сол.

Техниката на добивање на овој материјал се основа на целулозните влакна кои се составен дел на дрвата. Секое едно вакво влакно е составено од 40 милиони помали влакна. Она што тие успеале да го направат е тоа што структурата од овие минијатурни влакна успеале најпрво да ја одвојат, а потоа истата да ја реструктуираат во нишки со многу поцврста карактеристика за разлика од оригиналните влакна. Досегашните истражувања со ваква слична техника на структурирање на целулозните влакна, не е нешто што претставува новитет, меѓутоа уникатната структура што овие научници успеале да ја создадат претставува значителен напредок за овој тип на истражување.

За потребите на истражувањето научниците направиле мал уред за фокусирање на проток, сличен на мало размерен екструдер, со чија помош се врши реструктуирањето на влакната, по нивно мешање со вода и натриум хлорид. Со многу внимателно прилагодување и контролирање на притисокот во уредот, истражувачите успеале да произведат континуирани и конзистентни нишки од малите целулозни влакна. Во целиот овој процес многу битна улога игра и аголот и начинот под кои целулозните влакна се структуираат, бидејќи маневрирањето со аголот ја дефинира цврстината на добиените влакна. Па така при еден агол и една поставеност се добива материјал кој е ригиден и нефлексибилен, а при друг се добива материјал кој е еластичен и флексибилен.

Ова откритие дефинитивно поседува потенцијал за нов начин на создавање на текстил и облека врз основа на дрво наместо памук или дури и замена на фибергласот кој се користи како составен материјал кај многу автомобили, камиони и бродови. Уште една позитивна карактеристика е тоа што истиот овој материјал е биоразградлив и е 100 процентно “компатибилен” со природата.

Целото ова истражување се одвивало на институтот Wallenberg Wood Science Center при при KTH Royal Institute of Tehnology во Шведска, во соработка со Deutsches Elektronen-Synchrotron elektrosynkrotronen (DESY) од Хамбург, Германија.

ncomms5018-f2

Извори: Gizmag, KTH

Претходна статијаMicrosoft не ја исклучува можноста да ја овозможи Cortana на iOS и Android
Следна статијаVessyl: Паметна чаша која што ја следи и препознава содржината во неа