Фото: БЕСТ Скопје

Новиот семестар е како нова верзијa – полн со свежи почетоци, предизвици и авантури. Но, тука се и новите можности за дружење, забава и приказни што ќе ги паметиш.

Подготвен/а ли си да го „инсталираш“ најдобриот студентски живот? Ако одговорот е да – време е да кликнеш start со БЕСТ! Отклучи нови искуства, вештини и пријателства и запечати го твојот студентски живот со моменти кои ќе останат засекогаш.

Ве очекуваме на информативниот состанок за нови членови.

Што е БЕСТ?

БЕСТ, Борд на Европски Студенти по Технологија, непрофитна и политички неврзана студентска организација која има за цел да го развие потенцијалот на студентите, преку организирање на многубројни настани, за кои можеби сте слушнале: 

– Job Fair (саем за вработување и кариера)

– Летен академски курс

– Натпревари (хакатони)

– Тренинг сесии/работилници за меки и тврди вештини

– Мотивациски викенд

… БЕСТ Скопје е катче за секој. 

Освен сите активности што БЕСТ Скопје ги организира локално, преку нашата мрежа од над 80 локални групи ќе може да доживеете и незаборавни интернационални искуства низ повеќе од 30 европски држави. Замислете врати отворени кон уникатни академски курсеви, регионални состаноци и уште многу настани што ќе ви дадат прилика да учите, патувате и се дружите на сосема ново ниво. Таму ќе имате можност да се запознаете со студенти од цела Европа, да ги чуете нивните приказни, да откриете нови вештини и – најважно – да ја испишете вашата студентска приказна со искуства и спомени што ќе останат со вас засекогаш. На 28.10 во 20:00 часот ќе можете да дознаете повеќе за сето ова.

Кога и каде?

На 28 октомври, 20 часот, во Барака 2.2 ќе одржиме Информативен состанок, каде што ќе имате можност да се запознаете со БЕСТовци, да слушнете за нивните искуства и да дознаете како и вие да се вклучите во овие настани.

Стартувајте ја својата најдобра студентска приказна и наполнете ја со искуства што траат – со БЕСТ.

Се гледаме на нашиот информативен состанок за нови членови, а потоа на дружба, на 28.10, 20 часот во Барака 2.2. 

Претходна статијаWindows 11 наскоро ќе добие неколку новини кои не беа пуштени со 25H2 надградбата