online shopping with mobile payment technology
Фото: Julio Lopez on Pexels.com

Неофицијалните информации од пред две недели се покажаа како точни, па Apple Pay сега и официјалнот станува достапен во Македонија. За корисниците на Apple тоа ја донесува можноста за користење на iPhone и Apple Watch за бесконтактно плаќање, како што тоа го имаат Android корисниците со години веќе.

Засега сервисот официјално е најавен од страна на Visa, а НЛБ Банка е една од банките која ја додаде оваа можност, а картичките се додаваат преку NLB Pay апликацијата во која сега е достапна и нашата земја.

Според информациите, корисниците со сметка во некоја од другите банки, ќе мора да почекаат уште малку.

Инаку, платежната картичка се додава во Apple Wallet, по што истата може да се користи преку уредите од Apple за плаќање, како бесконтактно, така и преку Mac компјутер на веб страните кои имаат поддршка за Apple Pay.

Претходна статијаOne UI 8 изгледа ќе стави крај на можноста за отклучување на „bootloader-от“
Следна статијаМакедонски Телеком продолжува со раст и инвестиции и во првите шест месеци на 2025 година
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.