Провокативната, вистинита и фалена скандинавска серија за животите на супербогатите Норвежани, Излез (Егзит), го доби своето долгоочекувано продолжение. Набргу по светската премиера, Pickbox NOW на 21 април ја носи третата сезона што веќе ја гледаа 4 милиони гледачи само во нордиските земји. Дури 70 отсто од серијата се инспирирани од вистинити приказни, а третата сезона ги следи четирите главни лика Адам, Јепе, Хенрик и Вилијам додека искористуваат даночни оази, криптовалути и зелени инвестиции за да станат уште побогати.
ШТО НÈ ОЧЕКУВА ВО ТРЕТАТА СЕЗОНА?
Алчноста, сексот и дисфункционалноста се главните мотиви на серијата, а креаторот на серијата, Ојстен Карлсен, рече дека „последната сезона е кулминација на животот што ликовите го живееја досега”. Отсекогаш живееја на начин што носеа сè до крајни граници, меѓутоа овој пат ја преминаа границата. Карлсен го опишува затворањето на сезоната како „некој вид декадентна и деструктивна забава”.
Новата сезона повторно се занимава „со дефектот на системот и необјаснивите неправилности во општеството, како и способноста на поединци да ги искористат тие тајни златни рудници”. Четирите главни лика Адам, Јепе, Хенрик и Вилијам искористуваат даночни оази, криптовалути и зелени инвестиции за да станат уште побогати.
ДЕСТРУКТИВНА ЗАБАВА
Новата сезона, што е воедно и последна, се заснова на вистински искуства на четворица пријатели: Адам (Сајмон Ј. Бергер), Хенрик (Тобијас Сантелман), Вилијам (Пал Свере Хаген) и Јепе (Јон Оигарден) се финансиски великани што водат мошне декадентен начин на живот. Тие споделуваат јасна нарцисоидна склоност и животи што изгледаат успешно, но нивните денови стануваат непрекинато жонглирање со обврски, пари и лаги. Споделуваат сè, од една страна се милионери и семејни луѓе, а во исто време имаат незаситна глад за насилство, дрога и секс. Ги следиме нивните животи на нивните имоти на западната страна на Осло, нивните канцеларии во висококатниците, куќите за одмор во Норвешка и странство, како и во ексклузивниот простор за забави што го имаат заедно, а за кој нивните сопруги не знаат.
Сите што сакаат да ја погледнат првата епизода од втората сезона, а немаат претплата на Pickbox NOW, можат да го направат тоа до крајот на април – потребно е само бесплатно да се регистрираат.
Влезете во светот на дисфункционалните богати Норвежани и декадентно забавувајте се со новата, трета сезона на фалената серија Излез, само на Pickbox NOW од 21 април.