Таинствената драмска мини-серија Жената во бело (The Woman in White) на Pickbox NOW пристигнува на 19 февруари. Британскиот трилер од пет дела, снимен во Северна Ирска, се заснова на истоимениот класичен готски роман од 1860 година од авторот Вилки Колинс.

НАПНАТО ДЕЈСТВИЕ

Дејствието на серијата се одвива во 19 век и го следи Волтер Хартрајт (Бен Харди), млад учител по ликовна уметност кој на повик од Фредерик Ферли (ЧарлсДенс) пристигнува на имотот „Лимериџ“ во Камберленд за да ги подучи своите полусестри Мериен (Џеси Бакли) и Лора (Оливија Винал) за уметноста.

Патем тој среќава една таинствена и по малку изгубена жена која е целосно облечена во бело и која му вели дека порано живеела на имотот „Лимериџ“. Волтер подоцна дознава дека жената избегала од психијатриска установа и дека се наоѓа во опасност.

Ве очекуваат напнати мигови во адаптираниот психолошки трилер чиешто дејствие ќе ве заинтригира.

АКТЕРСКАТА ПОСТАВА

Во главните улоги ја следиме ирската актерка Џеси Бакли која имавме можност да ја гледаме во сериите War and Peace и Taboo. Заедно со неа, тука се и Бен Харди, кој се прослави глумејќи во филмовите X-Men: Apocalypse и Bohemian Rapsody, како и англиско-белгиската актерка Оливија Винал, позната по улогата на Кери во серијата Apple Tree Yard.

Во останатите улоги се Даги Скоткакосер Персивал Глајд, Рикардо Скамарчио како грофот Фоско, Чарлс Денс како Фредерик Ферли.

Таинствената драмска мини-серија The Woman in White следете ја на Pickbox NOW од 19 февруари.

Претходна статијаНеотел со нова промоција за следење на сите спортски настани
Следна статијаЗаштитете ја вашата фиксна мрежа со SafeNet HOME