Скопје Сити Мол во партнерство со Синеплекс го отворија првото летно кино под отворено небо на покривот од трговскиот центар. Скопје е побогато за уште едно градско летно доживување, каде свечено беше отворено првото „Rooftop Open Air Cinema“, со проекција на блокбастерот „Интерстелар“ на култниот режисер Кристофер Нолан.
Со ова официјално започна првата летна сезона на ова уникатно кино под ѕвездено небо, кое ќе понуди фантастичен избор на филмска програма од 2 јули до 5 септември.
Проекциите ќе се одржуваат три пати неделно – секоја среда, петок и сабота, со почеток во 21 часот, а на програмата ќе се најдат холивудски хитови и македонски култни филмови. Веќе се најавени следните проекции: „Барби“ и „Топ Ган: Маверик“, а организаторите најавуваат динамичен репертоар со многу изненадувања.

Посетителите ќе имаат можност да уживаат не само во кино искуството, туку и во дополнителна забавна програма која започнува од 19.30 часот, пред секоја проекција. Во рамки на забавната зоната, ќе се организираат тематски активности инспирирани од филмските содржини, со музика во живо, коктели, вкусна храна и разни интерактивни изненадувања – сè што е потребно за едно комплетно летно излегување.
Ова искуство е креирано по светски стандарди, со најсовремена кино-опрема, аудио и визуелни ефекти, кои гарантираат уникатно доживување. Иако е лето, ова е најсвежата локација во градот – градско скривалиште под отворено небо.

Билетите за проекциите се достапни по цена од 200 денари, и можат да се набават онлајн преку мобилната апликација на Cineplexx MK и веб-страницата на Синеплекс (https://www.cineplexx.mk/events/Open%20Air%20Cinema), како и на благајните во киното.
Репертоарот на филмовите ќе се објавува на социјалните мрежи на Скопје Сити Мол и Синеплекс, каде што посетителите ќе можат навремено да се информираат за секој нареден филм.
Со оваа иницијатива, Скопје Сити Мол како општествено одговорна компанија воспоставува нова традиција и го позиционира покривот на трговскиот центар како нова летна културна точка во градот, која ги спојува филмот, забавата и градската атмосфера на едно место.
фото: Игор Костов