Расел Кејн е стенд-ап комичар, добитник на повеќе награди меѓу кои и Единбуршката награда за комедија, актер, автор, сценарист и водител.

Овој сестран и мултиталентиран комичар со распродадени настапи низ целиот свет за „The Times“ е еден од најбрзите, најстимулирачките стенд-ап комичари, „The Guardian“ велат дека е на врвот на својата игра, „The Telegraph“ го викаат уникатен, а за „The Independent“ е возбудлив комичар.

На 14 септември оваа година ќе имате уникатна можност во МКЦ – Скопје да гледате комичар од светски ранг кој ќе приреди незаборавна вечер исполнета со комедија на принципот: „Вистината боли… Но, затоа е смешна“!

Билетите се достапни на билетарницата во МКЦ и онлајн преку www.bileti.mkc.mk.

Претходна статијаSeavus CodeTalks посветени на Финансиски иновации и нови технологии
Следна статијаiPadOS 15 донесува „виџети“ на главниот екран, како и новите функции од iOS 15