Британската криминалистичка драма „Роднини (Кин)“, освен срцата на гледачите, освои и многубројни награди со својата напната и емотивна приказна за семејството Кинсела. Серијата го следи семејството кое се бори против меѓународен наркокартел и други ирски криминални групи, обидувајќи се да ја задржи својата моќ и интегритет во опасниот Даблин.

По успехот на првата сезона, продолжението на серијата повторно потврди зошто серијата „Роднини“ е незаобиколен наслов. Ирската драма постигна извонреден успех освојувајќи девет признанија на престижното доделување на наградите „Irish Film & Television Awards 2024“. Двете сезони на драмата „Роднини“ се достапни на Pickbox NOW, овозможувајќи им на гледачите да ги следат сите моменти и пресврти на оваа серија.

ОДЛИЧНА АКТЕРСКА ПОСТАВА

„Сите клишеа се скршени во оваа гангстерска драма” – Тајмс

Клер Дан, која го игра ликот на Аманда Кинсела, сопругата на Џими, ја освои наградата за главна актерка во драма, додека Марија Дојл Кенеди, позната по својата улога на Бирди Гогинс, прогласена е за најдобра споредна актерка за својата извонредна изведба. Чарли Кокс брилира во улогата на Мајкл Кинсела, братот на Џими кој после долгогодишно отсуство се враќа во семејниот бизнис. Неговото враќање носи додатна динамика и напнатост во серијата, давајќи им на гледачите подлабок увид во комплексните семејни односи. Клер Дан, како Аманда Кинсела, прикажува лик на жена која балансира помеѓу лојалноста кон своето семејство и преживувањето во суровиот свет на криминалот.

УСПЕХ И МНОГУБРОЈНИ НАГРАДИ

Серијата „Роднини“ не ги освои само срцата на гледачите, туку исто така доби извонредни критики со девет награди и 14 номинации на разни престижни настани. Оценета со импресивни 7.9/10 на ИМДБ, серијата е пофалена поради својата длабока и емоционално комплексна приказна. Финалето на втората сезона, според Fifth Season, беше најгледана ирска серија оваа година настрана од спортските настани.

„Роднини” претставува одличен додаток кон богатата понуда на Pickbox NOW, којашто веќе ги вклучува легендарните серии како „Инспектор Ребус“. Новото издание на серијата „Инспектор Ребус“ од 2024 година, водена од талентираниот Ричард Ранкин, ветува возбудлив заплет и уверливи изведби. Адаптацијата на романот кој се продаде во повеќе од триесет милиони примероци, „Инспектор Ребус“ носи шест напнати епизоди кои ќе бидат достапни секој понеделник на Pickbox NOW.

Не пропуштајте ја „Роднини“ и други врвни серии на Pickbox NOW.

Претходна статијаДоаѓа Halk EZ – иновативен банкарски пакет за млади
Следна статијаКои се предностите на Windows 11 во споредба со Windows 10 според Microsoft