Првиот домашен и регионален стриминг сервис Pickbox NOW од месец во месец го надоградува своето портфолио на серии и филмови, а притоа посебно внимание привлекуваат насловите од понудата на Viaplay Select – се работи за серии пред сѐ на скандинавската продукција, чија атмосфера и дејство отскокнуваат од сѐ вообичаено, но и бројни други продукции од европските земји.

На Pickbox NOW јануари е полн со нови наслови, премиери и сезони, а се истакнуваат токму сериите на Viaplay Select од 2023 година: Не сум ангел, Жени убијци и Јана: Доживотно обележана.

Не сум ангел (No Angel)

Ангелина е популарна, вообразена и успешна средношколка која води таен живот – не може да ја контролира својата страст и желба за убиства. Кога ќе се случи смртоносна несреќа, таа ја открива својата новата страна за која не ни знаела дека постои.

Оваа необична шведска мини серија со елементи на комедија, драма и хорор Не сум ангел се состои од четири епизоди од 20 минути, а достапна е веднаш на Pickbox NOW.

Жени убијци (Murderesses)

Млада и амбициозна полицајка се обидува да го најде својот татко кој веќе со години се смета за исчезнат. Додека истражува едно од убиствата, таа влегува во опасна врска со сведок тинејџер.

Криминалистичката полска драма Жени убијци достапна е веднаш на Pickbox NOW.

Јана: Доживотно обележана (Jana: Marked for Life)

Напнатата шведска криминалистичка драма од 2023 година е адаптирана според бестселерот на Емелија Шеп. Откако ќе се случи убиство на главниот шведски службеник за миграции, обвинителката Јана Берзелиус открива морничава врска со сопственото мрачно минато. Дали ќе успее да го скрие своето минато и детството што го поминала како војник и машина за убивање?

Оваа возбудлива серија е проткаена со акција, трилер, драма и елементи на нордискиот ноар, жанр во кој преовладува мрачна и комплексна атмосфера. Шесте епизоди ги оживеа талентиран тим писатели, а ја режираше номинираниот за Оскар – Феликс Хернгрен.

Јана: Доживотно обележана е достапна на Pickbox NOW.

Претходна статијаЗапочна гласањето за најдобрите во македонската е-трговија за 2023 година
Следна статијаDisney презентира под кој ќе го реши проблемот со движење во виртуелната реалност