Јуни на Pickbox NOW ќе биде преполн со нови филмови и серии, а особено ѝ се радуваме на новата, осма сезона на британската серија Младиот инспектор Морз (Endeavour) како и на насловите кои се засноваат на вистински приказни – доаѓаат документарци како Да се убие Ескобар (Killing Escobar), Богати и ослободени (Rich and Acquitted) и многу други. Еве што ќе гледаме во јуни.

Младиот инспектор Морз (Endeavour) – Што нè чека во новата сезона?

Осмата сезона на британската детективска серија Младиот инспектор Морз на Pickbox Now доаѓа на 1 јуни. Нови случаи и нови борби се пред Морз, Турсдеј и нивниот тим. Повикани се да ги истражат случаите кои вклучуваат врски со ИРА, како и низа убиства кои би можеле да завршат како закана не само за јавноста, туку и за самите детективи. Неволјите во Оксфорд се поголеми од кога било. Додека растат напнатостите внатре и надвор од тимот, Ендевор и Турсдеј се наоѓаат во постојан судир. Прашањето е дали нивниот однос ќе го издржи тој напор?

“Човечките суштества се многу комплексни. Луѓето сакаат да ги означат нештата и да ги објаснат. Но не можат. Една од убавините на можноста да работите нешто долго како што е ова, на што одново му се враќаме од година во година, е тоа што имаме можност да го покажеме тоа на малку посуптилен начин. Тоа секогаш била намерата на сите нас“, кажа главниот актер Шон Еванс за новата сезона, особено за тешкотиите на Ендевор со менталното здравје.

Гром во моето срце (Thunder in My Heart) – Втора сезона на фалената шведска серија

Од понудата на Viaplay Select доаѓа втората сезона на фалената шведска серија Гром во моето срце. На Pickbox NOW оваа романтична комедија доаѓа на 3 јуни. Авторката и ѕвезда Ејми Десисмонт, добитничка на наградата за најдобра актерка на шведското доделување на наградите Kristallen, ја предводи новата сезона со ѕвездена постава на надежни и афирмирани таленти.

Осмоделната втора сезона почнува една година по првата. Тројца пријатели Сигрид (Ејми Десисмонт), Сем (Александер Абдала) и Антонија (Јулија Лискова) продолжуваат да се обидуваат на потежок начин да се пронајдат и да го откријат патот до возрасното доба. Односот на Сигрид со татко ѝ, кој се обидува да го контролира нејзиниот помлад брат, е сè подеструктивен.

Вистински приказни

Одлична вест за љубителите на крими содржините – доаѓаат фантастични документарни филмови и серијали за вистински настани.

Меѓу највозбудливите наслови е документарниот серијал Богати и ослободени (Rich and Acquitted) кој доаѓа на 2 јуни. Оваа документарна серија ги истражува озлогласените случаи на славни личности како што се О.Џ. Симпсон, Мајкл Џексон, Р. Кели, Оскар Писториус, Роберт Блејк и Келвин Бродас, наречен Снуп Дог.

Тука е и документарниот филм Да се убие Ескобар (Killing Escobar) кој ја следи приказната за мисијата да се изврши атентат врз најопасниот човек на светот. Доаѓа на 19 јуни, а го следи шкотскиот платеник Питер Мекалис во мисија за убиство на светски најпознатиот и најопасен водач на картелот Пабло Ескобар.

 Истиот ден доаѓа уште една приказна за озлогласениот Ел Чапо и неговата средба со актерот Шон Пен. Најбараниот, најопасниот и најбогатиот нарко-шеф на светот прифаќа да се сретне со Пен за да го даде првото и единствено интервју откако побегна од најобезбедениот мексикански затвор. За првпат во филмот Ел Чапо и Шон Пен: Мешаница во џунглата (El Chapo and Sean Penn: Bungle in the Jungle) камерите влегуваат на таа средба и ја откриваат вистинската приказна за тоа што се случувало зад кулисите.

Тоа се само дел од насловите кои ќе ги освојат гледачите ‘на прва’, а наскоро ќе ви откриеме повеќе за сите напнати серии и филмови кои ќе пристигнуваат во текот на јуни.

Регистрирајте се и гледајте бесплатно

Ако сè уште не сте го пробале Pickbox NOW, можете да го сторите тоа бесплатно откако ќе се регистрирате. Во моментов се достапни два филма од европската продукција кои ќе ви привлечат внимание –  Во бегство (Runner) и Во еден правец за Москва (One-way to Moscow), како и првата епизода на една од најдобрите француски серии на сите времиња Биро (The Bureau). Регистрирајте се веднаш и гледајте бесплатно.

Претходна статијаApp Store направи 1,1 трилиони долари преку продажба и наплата минатата година
Следна статијаSamsung и Dezeen организираат глобален конкурс за дизајн