Набргу по премиерата на неговиот последен Нетфликс-специјал, светскиот стендап-комичар со своето најново шоу пристигнува во Скопје на 5 декември. Настапот е закажан во големата сала на спортскиот центар „Јане Сандански“, каде што ќе се претстави со својот најнов материјал насловен „Son of a Carpenter“ („Син на еден Столар“), како дел од неговата успешна 40-дневна европска турнеја.
Со интелигентни рутини што опфаќаат секојдневни теми и кариера што трае повеќе од 20 години, Џим Џефрис често настапува на турнеи низ светот, распродавајќи огромни стадиони и сали како Madison Square Garden, Carnegie Hall и O2 Arena во Лондон. На фестивалот “Just for Laughs” во Монтреал во 2019 година, Џефрис беше прогласен за стендап-комичар на годината.
Тој е и водител, поткастер и писател чие последено Нетфликс-шоу “Jim Jefferies: Two Limb Policy”, кое излезе во август 2025 година, претставува дел од серијалот од шест специјални стендап-шоуа издадени за Нетфликс.

Во Скопје ветува незаборавно целовечерно и ексклузивно шоу целосно на англиски јазик.
Билетите за Џим Џефрис веќе се во продажба преку drugastrana.mk.