Новата криминалистичка мини-серија Форензичарката Халифакс: Одмазда гледајте на Pickbox NOW. Оваа серија е продолжение на австралиската криминалистичка серија Halifax f.p.и се врти околу омилената форензичка психијатарка, докторката Џејн Халифакс.

По повеќе години поминати како универзитетска професорка, Халифакс (Ребека Гибни) се враќа во полето на форензичката психијатрија за да ѝ помогне на полицијата да најде еден сериски убиец. Дејствието се одвива во Мелбурн.

ЗА ШТО СЕ РАБОТИ?

Халифакс веќе долго време не работи во Полиција, нејзиниот живот е многу помирен. Таа живее со својот партнер Бен (Крег Хол) и со неговата 23-годишна ќерка Зои (Мавурни Хејзел). Секако, нејзиниот темперамент не ѝ дава мир, а еден нов случај ја привлекува како магнет. Таа почнува да соработува со полицијата на еден нов случај, помагајќи им да фатат еден сериски убиец што го тероризира градот. Тие ќе мораат повторно да ги анализираат старите случаи, размислувајќи дали некој стар непријател можеби се вратил.

РЕБЕКА ГИБНИ КАКО СИЛАТА НА ПРИРОДАТА

Најголемите пофалби одат во насока на главната актерка Ребека Гибни и нејзината глума на способната и бестрашна докторка Хелифакс која се опишува како независна, страстна, храбра и непоколеблива. Критичарите нагласуваат дека Гибни ја држи целата серија, па ја нарекоа „сила на природата“.

Совршена доза на возбуда, интрига и акција, идеална спојка за сите љубители на криминалистички серии поради кои ќе останете залепени за екранот! Форензичарката Халифакс: Одмазда гледајте на Pickbox NOW!

Претходна статијаСо дигитална конференција за климатски промени ќе се одбележи часот на планетата Земја
Следна статијаInstagram работи на верзија од апликацијата за деца под 13 години