Дневните навики на граѓаните придонесуваат во заштитата на канализацискиот систем. Екипите на ЈП Водовод и канализација – Скопје често се сведоци на затната канализациска мрежа во и надвор од домаќинствата, а како причина за тоа е неправилно одложен отпад од домаќинствата. Одводот не е место за остатоци од храна, бигор, влажни марамчиња, пелени и одложување на други хигиенски производи.

При неодговорно и несовесно одлагање на отпад во системот за одведување на урбани отпадни води, се нарушува неговата функционалност и најчесто доаѓа до излевање на отпадните води, кои доколку не се пречистени и правилно третирани штетно влијаат врз здравјето на луѓето и врз животната средина.

Пријавете злоупотреба на водоснабдителниот и канализацискиот систем на:

Претходна статијаИзвестување од А1 Македонија до корисниците од Еуростандард Банка
Следна статијаФИТР: 123 домашни компании влегоа во финална фаза на јавниот повик за брзо прилагодување во борба против Ковид 19 – во подготовка е следен повик за иста ваква поддршка