Скопје, 9. септември 2025 – Samsung Electronics Co., Ltd. вчера објави дека нивниот OLED ТВ за 2025 година (модел S95F) официјално е сертифициран како Real Black дисплеј од Verband der Elektrotechnik (VDE), водечки институт за сертификација во областа на електротехниката во Германија. Со исполнување на строгите стандарди за да се смета за навистина „Real Black“, Samsung докажа дека нивната OLED технологија нуди вистинско искуство на црна боја.
Сертификацијата потврдува дека OLED дисплејот е со остри, без-рефлексни слики и скоро совршена црна боја измерена под 0.005 нити во темни простории, како и точност на црната боја во простории осветлени со сонце, па дури и под директна сончева светлина. Резултатот се кристално чисти визуелни прикази со богати, длабоки црни нијанси во нивната најчиста форма.
„Добивањето на VDE Real Black сертификацијата е доказ за нашата посветеност во подигањето на OLED технологијата на ново ниво,“ изјави Хун Сеол, потпретседател и раководител на CE дивизијата на Samsung Electronics Германија. „Со нетрпение очекуваме уште повеќе корисници да уживаат во светска класа на квалитет на слика со најдлабоките црни нијанси и чистота на бојата.“
„Сертификацијата ‘Real Black’ на VDE се доделува само на дисплеи кои се издвојуваат на нашите најстроги тестови,“ изјави Ансгар Хинц, Претседател и извршен директор на VDE. „OLED технологијата на Samsung се покажа извонредна поради нејзината способност да одржи богата и точна црна боја во широк спектар на услови за осветлување — од домашни кина до силно осветлени дневни соби. Овој успех ја одразува технолошката извонредност и посветеноста кон конзистентен квалитет на слика во реални услови.“
Исполнување на највисокиот стандард за Real Black сертификација
Флагшип серијата OLED ТV е опремена со напредната Glare-Free 2.0 технологија на Samsung. Сертификацијата од VDE го потврдува извонредното перформансно ниво на оваа технологија, која ја зачувува длабочината и деталите на црните нивоа на OLED дисплејот со минимизирање на одблесоците.
За да ја добие оваа сертификација, OLED серијата S95F на Samsung беше оценета врз основа на тоа колку „навистина црна“ изгледа сликата во различни услови за гледање, преку три строги тестови:
- Влијание на амбиентално светло во осветлени простории: Дисплејот беше оценет според нивото на одвлекување на вниманието предизвикано од рефлексии на светлина додека гледачите гледаат ТВ.
- Црни нивоа во темни простории: Во тест во темна просторија беше измерена црната боја за да се потврди дека го исполнува стандардот од 0.005 нити или помалку.
- Ниво на сјај на површината: Беше измерена рефлексијата на екранот за да се утврди количината на отсјај врз основа на Glare-Free технологијата на Samsung.
Исклучителни бои за гејминг и забава
OLED серијата сертифицирана како Real Black нуди извонредна чистота на боите и контраст, оживувајќи ја секоја ситна детaлност, било да се работи за динамични игри или кинематографски сцени. Напредната OLED Glare-Free технологија го засилува ова искуство со тоа што ги зачувува богатите бои и длабоките црни нијанси во било какви услови на осветлување, овозможувајќи им на гледачите да уживаат во спектакуларни, реални визуелни прикази без разлика на содржината.
Samsung е светски лидер на пазарот на телевизори 19 последователни години, позиција изградена врз лидерство во премиум дисплеи и иновации за врвно гледачко искуство. Покрај VDE Real Black сертификацијата, OLED ТV серијата за 2025 година е првата во индустријата сертифицирана со AMD FreeSync™ Premium Pro и неодамна валидирана како NVIDIA G-SYNC компатибилна, што гарантира беспрекорно работење и мазна играчка слика.
За да дознаете повеќе за Samsung OLED ТV, посетете: http://www.samsung.mk.