Навигацијата низ мноштвото податоци за здравјето денес и читањето низ различни медицински фајлови и мерења може да биде прилично збунувачко. Истовремено, тоа не ги мотивира потрошувачите да го направат важниот чекор за превенција на болести преку градење здрави навики и приоретизирање на долгогодишното благосостојба. Па, што можеме да направиме за да го направиме тој чекор во вистинска насока?
Со помош на најсовремената сензорска технологија на Samsung, која овозможува холистички и реален преглед на нашето здравје, новата серија Galaxy Watch8 го пренасочува вниманието кон превентивната грижа. Часовникот нуди јасни и применливи увиди базирани на нашите животни навики, за да ни помогне да го разбереме нашето тело и ум подлабоко, да изградиме здрави рутини и навреме да препознаеме тивки закани како што се ектопичните срцеви удари.

Превентивна грижа преку рана детекција
Со нови срцеви метрики, серијата Galaxy Watch8 помага потенцијалните здравствени проблеми да се откријат порано – со цел да се спречат пред да се појават:
- Детекција на ектопични удари: Подобрената ЕКГ (електрокардиограм) функција на Galaxy Watch8 може поефикасно да ги регистрира ектопичните удари – прерани срцеви отчукувања кои често остануваат незабележани при рутински прегледи, бидејќи најчесто немаат симптоми. Познато е дека зачестените ектопични удари можат да бидат клинички значајни и да водат до аритмии кои го зголемуваат ризикот од мозочен удар и срцева слабост. Galaxy Watch8 овозможува подобро мерење на ЕКГ и разликување на ваквите случаи, овозможувајќи навремени информации за превентивна грижа.

- Васкуларен товар: Додека спиете, Galaxy Watch8 ги чита фотоплетизмографските (PPG) бранови – оптички сигнали поврзани со протокот на крв. Тој мери волумен на крв и васкуларна вкочанетост, прецизно анализирајќи ги промените во оптовареноста на крвните садови. Со оглед дека исхраната, стресот и одморот влијаат на оваа метрика, редовното следење покажува кои навики треба да се подобрат за да се намали кардиоваскуларниот ризик пред да стане проблем.

Мотивирање на животни промени преку сензорски увиди
Напредниот сензор на Galaxy Watch8 сега нуди и подетални информации за вашите навики поврзани со исхрана и спиење, водејќи ве кон одржливи и долготрајни позитивни промени:
- Индекс на антиоксиданси: Бидејќи животниот стил често има поголемо влијание од генетиката, Galaxy Watch8 ги осветлува вашите секојдневни избори. Со помош на BioActive Sensor, часовникот ги мери каротеноидите во кожата за само 5 секунди, користејќи спектроскопија со повеќекратни бранови должини. Каротеноидите се антиоксиданси кои се индикатори за внес на овошје и зеленчук. Добивате резултат од 0 до 100, поделен во три нивоа. Овој индекс покажува како вашата исхрана, изложеност на УВ светлина, консумација на алкохол и стрес влијаат врз антиоксидантната состојба на телото. Со оглед на тоа што недоволниот внес на овошје и зеленчук е поврзан со големи здравствени ризици, оваа неинвазивна метрика нуди вредни информации, поттикнува поздрави избори и додава уште еден слој на превенција во вашето секојдневие.

- Водство за оптимално време за спиење: Потпирајќи се на науката зад моделот на двоен процес за регулирање на спиењето, Galaxy Watch8 го следи вашиот циркадиски ритам (внатрешниот биолошки часовник) и притисокот за спиење (колку ви е потребен сон), во текот на три дена. Потоа, врз основа на диференцијална равенка, пресметува кое е оптималното време за легнување со цел да се разбудите одморени. Алгоритмот ги зема предвид промените во прагот за спиење и индивидуалните потреби, давајќи персонализирани препораки. Развиена од KAIST и клинички тестирана во Samsung Medical Center, оваа функција ви помага да создадете поздрави рутини за спиење, што води до подлабок и помалку прекинат сон и поенергични утра.

Пионери во новата ера на превентивна заштита
Иновациите на Samsung во сензорската технологија поставуваат нови стандарди за превентивна грижа. Со Galaxy Watch8 серијата, добивате можност да ги обедините вашите навики, да ги откриете скриените ризици и да добиете реални, применливи увиди за да го заштитите своето здравје навреме. Samsung не само што го редефинира значењето на паметниот часовник денес, туку активно ја обликува иднината на превентивната здравствена заштита.