Искуства од први редови
Новата Samsung линија телевизори за 2025 година со водечките модели Neo QLED 8K, OLED и Neo QLED, The Frame и The Frame Pro, заедно со унапредената OLED Glare-Free технологија и Vision AI – ги претвораат екраните во центар на паметни решенија што го подигаат твоето секојдневие на повисоко ниво. Vision AI револуционизира што можат да прават екраните, односно поедноставува, надградува и овозможува повеќе во твоето секојдневие. AI Picture ја подобрува резолуцијата за неверојатна острина и детали, AI Sound го усогласува звукот нудејќи кристално јасни дијалози и моќен амбиентален звук, а AI Optimization автоматски ги прилагодува поставките според содржината и околината. Благодарение на Quantum Dot технологијата, боите на Samsung QLED телевизорите се поинтензивни и почисти, без кадмиум и со TUV сертификат за ниска емисија на сина светлина.
Поврзан живот – поедноставен и заштитен со SmartThings и Knox
Со SmartThings можеш да создадеш дом со вештачка интелигенција што ја прави секојдневната рутина поудобна и се грижи за твоите најблиски. Животот дома станува полесен, се заштедува време и енергија, а истовремено твоите податоци се сигурни. Можеш да бидеш спокоен благодарение на најсовремениот безбедносен систем Samsung Knox. Осетливите податоци, како лозинки, се заштитени, поврзаните уреди се следат, а сомнителните активности автоматски се блокираат.

Грижа за твоето милениче
Samsung Vision AI отвора нови SmartThings можности кои го подобруваат секојдневието. На пример, со SmartThings Pet Care можеш да останеш поврзан со твоето милениче, каде и да си, и да имаш мир на умот кога не си дома. Можеш да го провериш твоето куче во секое време, да добиеш известувања за необично однесување и да управуваш со уредите за да му овозможиш удобност додека си отсутен. Твојот ТВ може да биде асистент за чување миленичиња – препознава звуци како лаење и автоматски пушта омилена содржина на миленичето за да го смири. Кога твојот верен пријател има потреба, помошта е само еден клик далеку.

Back to School со ексклузивен подарок – Galaxy таблет
Со оглед на тоа што новата учебна година веќе започна, Samsung нуди дополнителна поддршка за ученици, семејства, професионалци и љубители на технологија. Во тек е акцијата „Back to School“, која трае до 30 септември 2025 година и носи бесплатен таблет за купувачите на Samsung телевизори. При купување избрани 75″ или поголеми Neo QLED 8K, Neo QLED 4K и OLED телевизори, корисниците добиваат Galaxy Tab S10 FE, додека при купување 65″ или поголеми Neo QLED 4K, QLED телевизори, The Frame и The Frame Pro добиваат Galaxy Tab A9+. Дополнително, со купување на 65″ Neo QLED 8K и OLED телевизор исто така следува подарок таблет.
За повеќе информации посетете ја страницата http://www.samsung.com/mk.