Shutterstock.com

Huawei е на прво место на глобалниот пазар на 5Г смартфони со испораки од 79,6 милиони единици (29,2%) минатата година, а зад него се Apple со 52,3 милиони единици (19,2%) и Samsung со 41 милиони единици (15,1%), објави на 1 јануари Strategy Analytics, фирма за истражување на пазарот. Притоа е споменато дека Apple и Samsung годинава ќе го надминат Huawei.

Во 2019 година кога беше претставена 5G технологијата, уделот на пазарот на Huawei и Samsung беа 37,2, односно 36 проценти. Минатата година Huawei сепак ја зголеми разликата со брзото ширење на технологијата во Кина. Apple во меѓувреме го зазеде второто место благодарение на огромната популарност на серијата iPhone 12, нејзините први 5G смартфони.

Според истата фирма за истражување на пазарот, глобалниот пазар на 5G смартфони се очекува да достигне 600 милиони единици годинава, што е повеќе од двојно од ланската големина, а пазарниот удел на Apple и Samsung се очекува да биде 29, односно 16,8 проценти.

„Уделот на пазарот на Huawei за годинава се проценува дека ќе се намали на 3,4 % по трговските спорови меѓу САД и Кина. Се проценува дека уделите на Vivo, Oppo и Xiaomi ќе изнесуваат 13,9, односно 12,8 и 11,7 проценти“, велат од Strategy Analytics.

Претходна статијаНовини во Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата кои треба да ги знаат учесниците во сообраќајот
Следна статијаИзвештај на Full Fact: Предизвиците на проверка на факти онлајн