Во свет каде што секоја секунда е важна, а секој момент носи нови можности, Samsung ја подига технологијата на ново ниво. Galaxy Z Fold7 и Galaxy Z Flip7 не се само телефони – тие се ваши партнери во секојдневниот живот, создадени за големи одлуки, големи успеси и беспрекорна продуктивност.
Кои се главните карактеристики на овие иновативни и моќни телефони чиј врвен дизајн ги плени и најпребирливите љубители на новите технологии?
Galaxy Z Fold7 – мини канцеларија во вашиот џеб

Кога е отворен, Galaxy Fold7 нуди 8-инчен Dynamic AMOLED 2X екран со Vision Booster технологија и максимална осветленост од 2600 нити, што го прави идеален за мултитаскинг, стриминг или работа на повеќе апликации истовремено. Модерниот процесор овозможува брзо и непречено извршување на сите задачи, додека камерите од 50 MP и FlexCam функционалноста ви гарантираат професионални фотографии и видеа без компромиси.
Galaxy Z Flip7 – вашиот компактен сојузник за секој ден

Galaxy Z Flip7 е дизајниран за динамични животи. Со својот 6,9-инчен главен екран и 4,1-инчен FlexWindow екран од ивица до ивица, тој е совршен за мултитаскинг и лесно управување со известувања, повици или апликации. Интегрираниот AI асистент, FlexCam и брзиот процесор овозможуваат да бидете продуктивни каде и да сте, без да правите компромис со стилот.
За целосно искуство со поврзаноста на Galaxy екосистемот, ги предлагаме и новите паметни часовници од серијата Galaxy Watch8, кои се грижат за вашето здравје на уште подобрено ниво.
Galaxy Watch8 – здравје и стил на вашиот зглоб

Со новата Galaxy Watch8 серија на часовници, Samsung ја поставува новата дефиниција за стил и функционалност. Овие најтенки и најудобни часовници досега се создадени за сите кои сакаат да го следат своето здравје и активност во секој момент. Без разлика дали одбирате Galaxy Watch8, Classic или Ultra, секој модел е компатибилен со вашиот животен стил и ви овозможува да следите здравствените метрики 24/7. Следете го пулсот, спиењето и активностите со напредни биоактивни сензори, додека AI тренерот ви помага да го постигнете балансот помеѓу работа и личен живот.
Кои други функционалности ги добивате со новите Galaxy Z Fold7, Galaxy Z Flip7 и Galaxy Watch8?

SmartThings – вашиот паметен дом на допир на екранот
Со апликацијата SmartThings, сите ваши паметни уреди се поврзуваат во еден екосистем. Контролирајте светла, клима уреди, телевизор или апарати директно од Fold7, Flip7 или Watch8, и направете го вашиот дом подинамичен и поефикасен.
Try Galaxy – AI искуство без граници
Апликацијата Try Galaxy е редизајнирана за да ви овозможи целосно AI искуство. Испробајте ги функциите како Live Translate, Chat Assist, Note Assist и Photo Assist, без разлика дали користите Samsung смартфон или не.

One UI 8 – персонализирано и интуитивно
Со новиот One UI 8 интерфејс, вашите уреди се поедноставни и поперсонализирани од кога било. Лесно прилагодете ги апликациите, известувањата и визуелните поставки за да одговараат на вашиот стил на живот и професионални потреби.
Samsung Knox – безгрижност во секоја ситуација
Најважните податоци се заштитени со Samsung Knox, кој користи Knox Matrix за заштита во реално време и Knox Vault за чување на чувствителни информации во изолиран хардверски простор. Вашите лозинки, PIN-кодови и биометриски податоци остануваат безбедни дури и при најголеми предизвици.
Со Galaxy Z Fold7, Z Flip7 и Galaxy Watch8, модерното живеење станува поефикасно, побезбедно и стилски целосно усогласено. Тие не се само уреди – тие се вашите сојузници за големи одлуки, креативни успеси и секојдневна продуктивност без компромиси.