Скопје – 25 Јули 2025 – Samsung Electronics Co., Ltd. денес ја објави глобалната достапност на своите најнови преклопни смартфони, Galaxy Z Fold7 и Galaxy Z Flip7, заедно со новата серија Galaxy Watch8.
Серијата Galaxy Z го постигна највисокиот број преднарачки досега за преклопни уреди од овој вид во Европа, надминувајќи ги поставените цели уште пред истекот на периодот за преднарачки. Водечкиот Galaxy Z Fold7 сочинува повеќе од половина од нарачките и бележи зголемување од над 50% во споредба со претходните Fold модели. Серијата Fold7 бележи и поголем раст од веќе успешната серија S25, што покажува зголемен интерес за преклопни телефони.
Galaxy Z Fold7 и Z Flip7: Ултра тенки и лесни со интуитивна интелигенција
Усовршени преку години на револуционерно инженерство и надградени со напредна интелигенција, Galaxy Z Fold7 и Z Flip7 претставуваат нов скок во иновациите кај смартфоните. Тоа се најтенките, најлесните и технолошки најнапредни уреди од серијата Z досега. Поддржани од врвни перформанси и целосно интегрирана Galaxy AI, тие се интелигентни, адаптивни придружници кои ги антиципираат и веднаш одговараат на потребите на корисникот. Со големи, флексибилни екрани, професионални камери и контекстуално свесна интелигенција, Galaxy Z Fold7 и Z Flip7 отвораат нови можности за продуктивност, креативност и поврзаност.
Galaxy Z Fold7 ги обединува Galaxy иновациите и го проширува нивниот опсег, нудејќи ултраискуство во најтенкиот, најлесниот и најнапредниот Z модел досега. Нуди импресивни перформанси на голем екран, овозможувајќи им на корисниците истовремено да играат, стримаат, комуницираат и создаваат. Искуството со Galaxy AI придружникот е оптимизирано за преклопниот формат, овозможувајќи флуидни интеракции преку повеќе апликации и поголем екран. Со камерата и споделување на екран со Gemini Live, корисниците можат природно да зборуваат со Gemini за тоа што го гледаат. На пример, можат да споделат фотографија од локален специјалитет додека истражуваат нов град и да прашаат дали во близина има ресторан каде можат да го пробаат. Покрај тоа, Galaxy Z Fold7 располага со ултракамера со висока резолуција од 200 MP која овозможува фотографирање под различни агли, овозможувајќи професионално креирање содржини на дофат на рака. Преку функциите како Generative Edit, системот автоматски детектира луѓе во позадина на фотографиите и проактивно предлага што да се отстрани, елиминирајќи ја потребата за рачно селектирање и уредување. Покрај овие карактеристики, Galaxy Z Fold7 нуди чувство на познатост и издржливост во дизајн кој привлекува погледи и се расклопува во нешто навистина извонредно.

Galaxy Z Flip7 ја дестилира моќта на флегшип уред, интелигенцијата и персоналноста во компактен и иконичен формат. Со FlexWindow екран кој се протега од раб до раб, корисниците можат да се изразат, да пристапат до клучни функции на прв поглед и да останат поврзани — сè без да го отворат уредот. Создаден за динамичен стил на живот, Galaxy Z Flip7 го трансформира начинот на кој корисниците креираат и споделуваат содржина – од беспрекорни селфи фотографии до филмски видеа, сето тоа со агилност и креативност каква што само Flip уредите можат да понудат.
Now Bar прикажува корисни информации директно на FlexWindow екран на Galaxy Z Flip7, како што се која песна свири, напредокот од тренингот, па дури и проценето време на доаѓање на возилото. Gemini Live им овозможува на корисниците да споделат што гледаат преку камерата и во реално време да разговараат со Gemini директно од FlexWindow. Така можат да бараат совети за патување додека патуваат со своето куче или предлози за облека според временската прогноза. Исто така, можат едноставно да ја споделат камерата во Flex Mode и да разговараат со Gemini без раце.
FlexCam функцијата на Galaxy Z Flip7 овозможува полесно од кога било да се направи совршено селфи. Реалните филтри на FlexWindow екран веднаш ги подобруваат FlexCam селфи фотографиите, така што корисниците се подготвени за објава без дополнително уредување. Со нови, забавни функции како Portrait Studio за миленици, корисниците можат да трансформираат секоја направена или преземена фотографија од миленик во уметничко дело. Можат да изберат стилови кои наликуваат на слики, 3D цртани, фотографија со рибино око или професионални портрети и да создадат ремек-дела со еден клик.
Години на револуционерно инженерство ги претворија преклопните уреди во флексибилни платформи за новото AI искуство. Како нова класа на смартфони дизајнирани да се вклопат во секојдневниот живот и истовремено да го надградат, Galaxy Z Fold7 и Galaxy Z Flip7 ја претставуваат оваа достигнување. Познати, но трансформативни, тие спојуваат моќ, преносливост, стил и суштина – без разлика дали корисникот бара револуционерно искуство или AI моќ во џебен формат. Додека формите еволуираат да изгледаат и размислуваат поинаку, оваа генерација преклопни уреди претставува следниот чекор во иновациите кај смартфоните.

Galaxy Watch8 серија: Ултраудобност и здравствени поттикнувања во реално време
Како дополнување на Galaxy еко-системот, серијата Galaxy Watch8 — вклучувајќи ги Galaxy Watch8 и Galaxy Watch8 Classic — го носи истиот дух на реинженеринг што се гледа кај новите телефони, директно на зглобот. Galaxy Watch8 користи напредна сензорска технологија и креира интуитивно искуство поддржано од вештачка интелигенција за да им помогне на корисниците да живеат поздрав, поконектиран живот, додека неговиот ултратенок дизајн со Dynamic Lug систем се прилагодува природно за целодневна удобност и попрецизен контакт со сензорите.
Користејќи го Samsung BioActive Sensor за континуирано следење на здравјето, часовниците нудат информации во реално време и моментални награди или сигнали за спиење, стрес, исхрана и активност, претворајќи ги здравите намери моментален мотивациски фидбек. Дополнително, за прв пат кај паметен часовник, Galaxy Watch8 го воведува Antioxidant Index, што овозможува мерење на нивото на каротеноиди за само пет секунди и донесување информирани одлуки за здраво стареење.
Galaxy Z серијата и Watch8 серијата – на дофат на рака во Galaxy Experience Spaces
По одржувањето на Unpacked, Samsung ги отвори своите Galaxy Experience Spaces во главни градови како Дубаи, Лондон, Њујорк, Париз и Сеул. Овие простори им овозможуваат на потрошувачите рано и практично да ги доживеат најновите Galaxy уреди преку интерактивни зони кои ги истакнуваат дизајнот, перформансите и Galaxy AI функциите на уредите. Samsung соработуваше и со локални заедници – вклучително тркачи, фотографи и скејтери – организирајќи различни сесии за да ги научат посетителите како да го извлечат максимумот од новите уреди.
Дополнително, Samsung ја лансираше новата функција за лоцирање Experience Store продавници на Samsung.com, овозможувајќи им на корисниците полесно да најдат најблиска продавница и лично да ги испробаат уредите.

Достапност
Galaxy Z Fold7, Galaxy Z Flip7, Galaxy Watch8 и Galaxy Watch8 Classic ќе бидат достапни за купување преку Samsung.com и во продавниците во 49 пазари од 25 јули, а подоцна и во над 110 пазари низ светот. Galaxy Z Fold7 ќе се нуди во бои: сина, сребрена и црна боја. Galaxy Z Flip7 е достапен во црна, сина, и корално-црвена боја. Galaxy Z Flip7 FE, кој го прави преклопното искуство достапно за пошироката публика, ќе биде достапен во црна и бела боја.
До сега, сината се појави како најпопуларна боја глобално за двата модели — Fold7 и Flip7 — сочинувајќи речиси 40% од сите преднарачки.
Galaxy Watch8 е достапен во две големини — 44 мм и 40 мм — и доаѓа во графитна или сребрена боја. Galaxy Watch8 Classic е достапен во 46 мм и во црна или бела варијанта, додека новиот Galaxy Watch Ultra доаѓа во четири финиши од титаниум, вклучувајќи ја и новата титаниумска сина боја.
Корисниците добиваат проширен пристап до Google AI Pro и 2 TB простор во облак за 6 месеци без дополнителен трошок со купување на Galaxy Z Fold7, Galaxy Z Flip7 и Galaxy Z Flip7 FE.
За повеќе информации за Galaxy Z серијата и Galaxy Watch8 серијата, посетете:
Samsung Newsroom, SamsungMobilePress.com and Samsung.com/mk/.