Фото: Avant2Go

На 27 мај официјално започна Avant2Go во Македонија – првата услуга за споделување на 100% електрични автомобили (car sharing), која донесе нов начин на движење низ градот. Во почетокот, за многумина ова беше непознат концепт. Често услугата се споредуваше со класичен rent-a-car, но во реалноста станува збор за нешто сосема поинакво – поекономично (100% електрични возила), попрактично (24/7 преку апликација) и еколошко (плаќаш само кога возиш) – сето тоа во околината на Скопје.

Четири месеци подоцна, бројките говорат сами за себе: двојно повеќе локации за преземање и оставање на возилата, илјадници километри извозени без штетни гасови и емисии, и сè поголем број граѓани кои секојдневно го избираат Avant2Go. Она што во мај беше новитет проследен со доза скепса, денес стана нова навика за пристапна, лесна и еко-пријателска мобилност.

Корисниците велат дека вистинската промена ја почувствувале дури откако ја пробале услугата. Практичноста (резервација на возило преку апликацијата за само неколку секунди), исплатливоста (без грижи за гориво, одржување или паркинг) и еко-придобивките (возење на струја и без емисии), се покажаа како совршена комбинација за позитивна промена во секојдневниот урбан живот.

Истовремено, Avant2Go инвестира во развој на сопствена инфраструктура за полнење на електрични возила, која не само што го олеснува пристапот до електрични автомобили, туку директно го подобрува и целокупното корисничко искуство.

Фото: Avant2go

Денес, возниот парк на Avant2Go во Скопје брои повеќе од 100 електрични возила од различни категории – од компактни градски автомобили до поголеми и покомфорни модели – достапни на речиси 40 локации низ главниот град. Овие локации ги опфаќаат најатрактивните и најчесто посетувани точки како Меѓународниот аеродром Скопје, најголемите трговски центри и централните градски зони.

Avant2Go станува и доверлив партнер за компаниите. Сè повеќе бизниси ја избираат услугата за да ја олеснат мобилноста на своите тимови – добивајќи ефикасност и одржливост како дополнителна придобивка.

Avant2Go е симбол на новата генерација урбана мобилност. Во првите 100 дена ја видовме првата голема промена, а ова е само почеток. Целта останува иста: полесна мобилност, почист град и безгрижно секојдневие.

Претходна статијаLogitech MX Master 4 доаѓа со вибрации за подобра работа и посебен софтвер за намалување на повторливите активности
Следна статијаАЕТСМ: Јавен повик за бесплатни верификации на 10 е-продавници за стекнување со Беџ за верификуван е-трговец