Без разлика дали се работи за работа или за забава, повеќето од нас користат интернет со часови секој ден. И кога тоа го правиме, ние сакаме да бидеме мирни затоа што знаеме дека сè што правиме онлајн, без разлика дали пребаруваме за следниот „шопинг“ или работиме на важен документ, ќе остане безбедно и сигурно. Со Samsung Galaxy ние Ве заштитивме за да можете да го користите интернетот побезбедно каде и да одите.
Secure Wi-Fi:
Со Secure Wi-Fi на Samsung, Вие можете да работите од онаму каде што се чувствувате најудобно. Оваа функција Ви овозможува безбедно да пребарувате на интернет дури и кога користите несигурни јавни Wi-Fi мрежи, нудејќи целосна и сигурна заштита преку шифрирање на интернет сообраќајот. За подобрена заштита на приватноста, Вие можете дури и да го пренасочите Вашиот интернет сообраќај преку две одделни регии, така што никој не ќе може да пристапи до Вашата IP адреса. Ова е особено ефективно кога работите од далечина на јавни места.
За да ја користите функцијата Secure Wi-Fi, одете во Поставки (Settings), потоа во Безбедност и приватност (Security and Privacy ) и изберете Повеќе безбедносни поставки (More Security Settings ). Оттаму, изберете Secure Wi-Fi. Исто така, Вие можете да ја додадете иконата за Secure Wi-Fi директно на Вашиот почетен екран за лесен пристап до апликацијата.
Со Galaxy можете да работите од далечина со поголема безгрижност, знаејќи дека Вашите чувствителни податоци и информации се помалку подложни на потенцијалните закани од јавните мрежи. Secure Wi-Fi нуди и бесплатна заштита до 1024 MB месечно, автоматски овозможена при поврзувањето, со дополнителни планови достапни во секое време за оние кои сакаат да се надградат.
Samsung Internet:
Samsung Internet ги носи корисничките функции за безбедност и приватност во веб-пребарувањето, овозможувајќи Ви слободно да ги пребарувате Вашите омилени веб-страници додека ја одржувате Вашата приватност заштитена. Во рамките на Samsung Internet ние создадовме огромен број функции, сите насочени кон одржување на Вашата безбедност и Вашето онлајн искуство.
Прво, пребарувачот нуди сеопфатен преглед на тоа како го штити Вашето веб-искуство, кое е детално опишано во Вашата Контролна табла за приватност (Privacy Dashboard) достапна преку страницата за Брз пристап (Quick Access). Ова обезбедува детална евиденција за неделните активности и поставките кои можете да ги прилагодите според Вашите преференции за приватност во секое време. За да го пронајдете овој дел, одете во пребарувачот, допрете ја иконата со три линии и изберете Приватност (Privacy).
За дополнителна безбедност, Samsung Internet, исто така, овозможува приватна средина со Тајниот режим на работа (Secret Mode). Ова може да биде корисно додека купувате подарок што сакате да биде изненадување и да го сокриете од секој кој може да има пристап до Вашиот уред. Со оваа опција ќе го добиете истото искуство на пребарување кое што би го добиле вообичаено на Samsung Internet, но со дополнителна приватност и заштита. Колачињата и историјата на пребарување за сите веб-страници што ќе ги посетите во Тајниот режим на работа (Secret Mode) ќе бидат избришани од Вашиот телефон веднаш штом ќе ги затворите сите табови отворени во овој режим. Можете дури и да зачувате страници и обележани страници, но сè што ќе зачувате ќе биде видливо само во овој режим. За да ја користите оваа функција, одете во Samsung Internet и од главниот екран допрете на иконата за управување со табови на дното каде што можете да управувате со Вашите отворени страници. Активирајте го Тајниот режим на работа со допирање на „Вклучи Таен режим на работа“ (Turn on Secret mode).
Samsung Internet, исто така, обезбедува функција за паметно спречување на следење (Smart Anti-tracking function) засилена со вештачка интелигенција која е автоматски вклучена. Оваа функција помага да се блокираат колачиња и трети страни кои се обидуваат да ги следат Вашите лични информации, но и ги спречува уредите за следење да користат техники за блокирање на следење. Функцијата за паметно спречување на следење, исто така, Ви овозможува автоматски да користите побезбедно HTTPS поставување кога пишувате URL и може да регистрира и заштити од домени кои се во спротивност со класифицираните уреди за следење. За да ја користите оваа функција, одете во Контролната табла за приватност (Privacy Dashboard) во рамките на Samsung Internet и допрете ја функцијата за Паметно спречување на следење (Smart Anti-tracking function).
На крајот, Samsung Internet обезбедува Блокатори на реклами (Ad Blocker). Знаеме дека кога пребарувате може да наидете на реклами од кои сакате да се ослободите за да имате беспрекорно искуство. Затоа, ние Ви овозможивме да преземете блокатори на реклами од трети страни. За да блокирате реклами преку Samsung Internet, стартувајте ја апликацијата Samsung Internet и допрете ја иконата со три линии (мени) пред да изберете Блокатори на реклами. Тука ќе Ви препорачаме кои блокатори можете да ги изберете и преземете.
Со Вашиот уред Samsung Galaxy нема потреба да се грижите за тоа кога и каде можете да пребарувате на веб. Ние сме размислиле за сè и презедовме мерки за да Ве заштитиме за време на Вашето онлајн искуство, без разлика каде се наоѓате.