За 15ти септември (среда) Едуфронт најавува онлајн дружба со предизвици за стипендии на DIGIPATH програмите за Програмирање, Веб дизајн, Дизајн и Scratch за деца од 8-14 год.!

Се работи за најава на DIGIPATH онлајн програми во кои децата ќе имаат можност да учат заедно со нивните омилени едукатори за Scratch, Програмирање, Веб Дизајн, Дизајн. Децата заедно со своите родители ќе имаат можност да одберат која дигитална патека најмногу им одговара.

Овие програми се препорачуваат за деца од 8 до 14 години и се во ограничени групи од најмногу 6 до 10 ученици со цел да се задржи квалитет.

Дел од атмосферата за време на предавањето на Scratch

Според Гордана Мишевска, основач и главен координатор на новите дигитални програми станува збор за едукативни и забавни часови. Во нив децата ќе учат на креативен начин за основи за Програмирање, Веб дизајн, Дизајн и Scratch преку интересни предизвици. Децата ќе учат онлајн да креираат и дизајнираат на интересен, креативен и забавен начин водени од долгогодишни искусни едукатори.

За време на Едуфронт дигиталните патеки,  на секој час ќе се обработува различна содржина. На секој час децата ќе ги гледаат инструкторите кои внимателно објаснуваат, ќе имаат различни активности преку анимирани визуелни презентации. Ќе бидат вклучени активности со игри, вежби и уште многу интересни нешта кои специјално ги подготвивме за децата” – Гордана Мишевска.

Во текот на неделата за секоја обука има еден термин од 75 минути. Распоредот на термини ќе ви го испратиме штом ја пополните пријавата на ОВОЈ ЛИНК. Околу деталите поврзани со програмата, како и за резервирање на термин можете дополнително да се информирате на телефонскиот број: 070 700 237, на мејл адресата: info@edufront.mk како и на самата веб страна, линк до веб страната.

Со цел подетално да се запознаат децата и родителите, ќе следат отворени денови за DIGIPATH програмите:

Присуството е бесплатно. Овие Zoom вебинари се наменети за презентација на дигиталните патеки за програмирање, веб дизајн и дизајн за деца од 8-14 год.

На овие отворени денови ќе дознаете повеќе за:

Што е компјутерска писменост? Зошто им е потребна на децата?

Што се учи на DIGIPATH дигиталните патеки за Scratch, Програмирање, Веб дизајн и Дизајн? Кои се бенефитите од овие DIGIPATH дигитални патеки?

-Ќе се запознаете со едукаторите и координаторите на овие дигитални патеки – Моника Златановска, Мартина Бошковска, Марко Палоски, Никола Докоски и Теодора Трајковска кои ќе се обидат да ги доближат и објаснат дигиталните програми за Scratch, Програмирање, Веб дизајн и Дизајн за деца od 8-14 год. Ќе одговорат на сите прашања кои ќе ве интересираат поврзани со DIGIPATH програмите.

Идејата за овие програми се разви после интересот на сите деца кои досега ги поминаа онлајн обуките – беа желни да продолжат и повеќе да научат – така решивме да креираме различни дигитални патеки каде секое дете започнува со Scratch како вовед во креативно компјутерско образование.  Понатаму зависно од својот интерес може да продолжи да изучува програмирање во Python или да навлезе во веб дизајн со HTML/CSS или да се насочи кон совладување и работа со дизајн. Досега имаме бројни завршни проекти и примери од преку 100 наши деца слушатели кои навистина нѐ изненадија од тоа колку се напредни и желни за изучување на технологија и за дигитално креативно изразување.”

Дел од учесниците на Scratch кои успешно ја комплетираа програмата

Досега, Едуфронт континуирано работи, допринесува и има оддржано бесплатни онлајн сесии со едукатори, психолози и родители. Над 2200 гледачи во живо досега следеа вебинар за родителство и едукација со психологот – Бојана Стојменовиќ. Едуфронт обезбеди и бесплатна обука за навремена дигитална адаптација на Scratch за едукатори, родители и деца со цел да помогне и излезе во пресрет кон новонастанатите предизвици.

Претходна статијаМинистерство за култура и ФИТР: Го штитиме македонскиот јазик преку дигитализација на над 5 милиони записи на Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков”
Следна статијаКристијано Амон: 5G за дигитална и одржлива економија